ЕВАКУИРАНИ ТУРИСТИ И МЕШТАНИ: Закинтос го голтаат пламени јазици
Објавено во: Балкан 16 Септември, 2019
На грчкиот остров Закинтос избил пожар од големи размери поради што две села се евакуирани околу 300 мештани и туристи.
Пожарот им се приближил на куќите, а на пожарникарите во прилог не им оди работата поради силниот ветер, кој според прогнозите нема да ослабне до вторник.
Жителите на селото Кери и туристи се превезени со автобуси до најблискиот хотелски комплекс во градчето Каламаки, пренесува Екатимерини.
Пожарот избил на околу 10 км од Занте, главниот град на Закинтос.
Повеќе од 160 пожарникари се бореа и против големиот пожар кој избил во планината околу 60 км од Атина, соопштија вчера грчките власти.