28 Март, 2024
0.0278

Еве го текстот што го вознемири Груевски - Неред во Северна Македонија: Тајниот план за создавање „прибежиште за валкани пари“

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Текст во OCCRP, проект за организиран криминал и корупција, е тој што го вознемири Никола Груевски, за што тој почувствува потреба со долг статус да се брани на Фејсбук. 

„Кога поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, започна со брзи планови преку парламентот за создавање на неданочна финансиска зона, владините критичари - па дури и некои поддржувачи - беа се повознемирени“, пишува OCCRP, проект за истражување на организиран криминал и корупција, во текст со наслов Неред во Северна Македонија: Тајниот план за создавање „прибежиште за валкани пари“.

Текстот е објавен пред околу 18 часа.

Документите сега откриваат дека поддржувачите на проектот заговарале од Лондон да се основа финансиска зона на периферијата на главниот град, Скопје. Таа зона требаше да биде пред очите на домашните и меѓународните регулатори, пишуваат и додаваат.

„Беше 2014 година и серија скандали со корупција предизвикаа зголемен гнев, што ќе експлодира во масовни демонстрации во следната година. Планот на премиерот за автономна трговска зона звучи како некаква лиценца за извршување на уште повеќе финансиски злосторства.

Штурите информации во јавноста за проектот беа уште позагрижувачки. Сега, благодарение на низа е-маил пораки добиени од активистите од The Distributed Denial of Secrets на тајните и споделени со Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (ОCCRP) , планот на Груевски и неговите соработници може да биде откриен.

Шемата беше оркестрирана од Formation House, лондонска фирма чиј што основач, Надим Кан, во април 2014 беше обвинет за перење на пари. Но, тој сепак беше решен да создаде тајни финансиски зони во околу десетина земји, особено на Балканот и во Африка.

Но, тој почина во септември 2015 година на 54 години пред да може да се обиде на потегот.

Меѓу наводните придобивки од зоната би бил регистарот со кој се дозволува компаниите да се создаваат без надзор од македонските или од меѓународни власти. Наместо тоа, регистарот и трговскиот парк ќе бидат управувани како мини-држава во рамките на една држава од страна на сопствениците на Formation House, според документи и интервјуа со сегашни и поранешни функционери.

Додека тие детали беа скриени од јавноста, дури и недоволно информациите што беа познати во тоа време беа доволни за да предизвика сериозна загриженост.

„Мислев дека е шега“, рече Зоран Заев, сегашниот премиер на земјата, кој ја презеде власта во 2017 година, откако уличните протести принудија предвремени избори претходната година.

Како што напредуваа плановите за безданочната зона, така се посилен беше притисокот од опозициските партии кон Владата на Груевски за серија скандали, вклучително и перење пари од зделки спонзорирани од државата, кои вклучуваа големи шеми со анонимни оф-шор компании.

Се чини дека било лудост во таква состојба да се каже:„ Ние сакаме да направиме оф-шор зона овде, што велите за тоа? “Бев зачуден“, вели Заев.

Иницијативата ќе бара промена на уставот на земјата за да се овозможи автономно тело да управува со оф-шор зоната. Но, тоа го вклучи алармот во Венецијанската комисија која е советодавно правно тело на Советот на Европа.

„Доколку сите закони (освен кривичните закони) треба да се донесат и спроведат од тело или фирма задолжено да ја менаџира зоната, а не од законодавецот и извршната власт, тогаш оваа зона станува еден вид„ Држава во држава “ и одделена од постоечката уставна структура“, напишаа од Венецијанската комисија во правно мислење од 2014 година.

Комисијата предупреди дека зоната може да стане „рај за валканите пари“.

Назад во Велика Британија, приходите и царинскиот орган ги предупредија Formation house во декември 2016 година дека не се придржуваат кон барањата за перење пари од Велика Британија и фирмата може да се соочи со кривично гонење доколку не постави соодветни процеси за да ги процени своите клиенти.

Идејата за слободна трговска зона дојде со цел владата на Груевски да ја промовира Македонија како магнет за странски инвестиции. Во 2011 година, официјалните владини претставници беа испратени низ целиот свет за да се сретнат со потенцијалните инвеститори.

Еден од тие претставници беше Оливер Сем, кој беше одговорен за прашања поврзани со Велика Британија во македонската владина агенција за привлекување на странски инвестиции. Тој со актуелната сопственичка Павар се запознал во Лондон. Во тоа време, компанијата ја водеше нејзиниот татко Кан, а подоцна во 2014 година тој беше обвинет за перење на пари. Саша Грујевски е уште едно лице од Македонија кое што се појавува во електронските преписки помеѓу владата и Шарлат Павар и други лица од компанијата во Лондон, заедно со Оливер Сем и уште неколку владини службеници.

Според вклучените лица во владата во овој план Павар предложила голем број на опции, но вниманието на Груевски му го привлекла финансиската зона. Премиерот тогаш испрати двајца функционери, меѓу кои и тогашниот министер за финансии, Зоран Ставрески, да се сретнат со Павар. Медиумите објавија за неговата посета на Велика Британија во февруари 2015 година.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење