16 Април, 2024
0.0250

ЕВЕ КАКО ЌЕ ЈА ЗЕМАТЕ СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ И ДЕТСКАТА ЗАШТИТА - банките подготвени

Објавено во: Финансии 02 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи максимална грижа за заштита на јавното здравје.

Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, од понеделник ќе располагаат со средствата, преку банкоматите и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на паричната помош, за клиентите на банките коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

-во понеделник, 4 мај – А, Б, В, Г, Д;

-во вторник, 5 мај  –Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К,Л;

-во среда, 6 мај  – Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;

-во четврток, 7 мај –  С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Постигнатите резултати со готовинските исплати по групи во изминатите неколку недели потврдуваат дека со ваквиот системски пристап ќе се намали физичкото присуство во филијалите и експозитурите и ќе се овозможи поголема заштита на здравјето на сите корисници на банкарски услуги. Заради заштита на јавното здравје, ги замолуваме клиентите на банките коишто се корисници на парична помош од социјална и детска заштита, а не поседуваат дебитна картичка, да се придржуваат до утврдениот распоред.

При посета на филијалите и експозитурите заради подигнување готовина од исплатената парична помош од социјална и детска заштита, сите банки, на своите клиенти-корисници на парична помош ќе им понудат веднаш да поднесат барање за изработка на дебитна картичка. Сите банки ќе обезбедат овие картички да им ги предадат на своите клиенти пред следната исплата на парична помош од социјална и детска заштита, со што ќе се овозможи физичкото присуство во експозитурите и филијалите да биде уште помало, а секој корисник да има лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време. Со дебитната картичка, секој корисник на парични права од социјална и детска заштита ќе добие и упатство за нејзино користење.

Апелираме при посетата на филијалите и експозитурите да се почитуваат насоките за одржување меѓусебно растојание од најмалку 2 метри пред и во објектите на банките и задолжително да се носи лична заштитна опрема за носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, марама или шал, бандана и слично).

Можеби ќе ве интересира

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите

ГРЦИЈА НУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА 25.000 ТУРИСТИ: Внимавајте на условите, а еве ги деталите

ГРЦИЈА НУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА 25.000 ТУРИСТИ: Внимавајте на условите, а еве ги деталите