20 Април, 2024
0.0261

Еве какви наслови осамнаа за Македонија во светските и регионални медиуми

Објавено во: Македонија, Свет 28 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Новинската агенција Ројтерс, информирајќи за случувањата во Парламентот наведува дека некои од околу 200 демонстранти кои влегле во зградата биле маскирани и дека според очевидци, полицијата влегла во Парламентот откако избувнале немирите, но дека веднаш не се се обидела да ги смири демонстрантите.

Хаос настана во македонскиот парламент откако демонстранти упаднаа во зградата и нападнаа пратеници по изборот на новиот претседател на Собранието, објави новинската агенција Асошитед прес. 

Оваа агенција наведува на неколку месечниот ќорсокак во обидите да се формира нова влада по изборите во декември лани. Агенцијата пишува дека во неколкучасовниот инцидент имало повредено 77 луѓе, вклучувајќи и 22 полицајци.

Меѓу повредените е и лидерот на СДСМ Зоран Заев кој подоцна, како што се наведува, бил поздравен од поддржувачите пред седиштето на неговата партија.

Помала група демонстранти откако била истерана од Собранието ги игнорирала инструкциите од полицијата да заминат и изутрината поставиле шатори во паркот пред Собранието, јавува Асошитед прес.

Француската новинска агенција Франс прес се повикува на изјавата на министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу дадена за медиумите дека биле повредени 10 пратеници, како и новинари и полицајци.

Германската ДПА пак ја пренесува пораката на претседателот Ѓорге Иванов кој ги повика политичките лидери на средба за да разговараат за опциите за излез од ситуацијата.

„Македонија се буди по драматичен четврток“, пишува бугарската новинска агенција Бгнес. 

Хрватски Вечерњи лист пишува дека се повредени 102 лица во хаосот во Скопје. 

Јутарњи пишува дека Европа е запрепастена од крвопролевањето во македонскиот Парламент. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите