Еве колку можете да заработите во Германија
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2019
Ако сте стоматолог, тогаш можете да очекувате добра заработка во Германија, или 117.000 евра годишно.
Лекарите можат да заработат 78.000, а менаџерите на финансиските фондови, 75.700 евра за година.
Околу 19.000 евра годишно заработуваат собарките, а за работа во угостителство месечно нудат по 1.000 евра.
21.000 евра земаат фризерите, 22.000 келнерите, 24.000 евра во кол центар.
Рецепционерите исто годишно добиваат 24.000 евра.
Возач на камион за една година заработува по 27.000 евра. Лани во Германија се отворени 700.000 работни места, од кои половина ги добиле странци.