Еве што не смеете да правите во случај на поплава
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2019
Целиот регион го зафати невреме и поплави.
БиХ и Хрватска се соочуваат со поплави, а хрватските служби информираа што луѓето не треба да прават во случај на поплави.
Советуваат луѓето никако да не влегуваат во вода, затоа што тоа би било смртоносно.
Статистички, во светот 50% од луѓето кои загинале за време на поплави, биле во автомобил.
Додека има поплави треба да се избегнува движење со возила.
На граѓаните им се советува да останат смирени, да обезбедат питка вода, храна и лекови за неколку дена.
Да ги наполнат телефоните, но и на интернет да следат колкави се водостоите на реките.
Да ги следат упатствата на дежурните служби, а мебелот да го кренат повисоко.
Во случај на интервенција да се повикаат дежурните служби.