10 Јули, 2025
0.0687

ЕВЕ ЗОШТО СОВЕТНИКОТ ВО КОЧАНИ БИЛ АГРЕСИВЕН: Аки Акиов бил навреден од советникот Васе Алексов - што ли му рекол?

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Од ПДПР – Партија за демократски просперитет на Ромите, синоќа пристигна објаснување за агресивноста на советникот од нивната партија, Аки Акиов.

„По повод видеото што циркулира на социјалните мрежи и известувањето на медиумот Сител за инцидентот на денешната седница на Советот на Општина Кочани, ПДПР остро реагира на едностраното прикажување на случувањата и погрешното информирање на јавноста.

Советникот Аки Акиов не е единствениот учесник во настанот – недозволиво е да се занемари суштината и причината. Тој континуирано беше прекинуван и навредуван од страна на советникот Васе Алексов и претседателот на Советот, Лазо Митев, особено при неговите обиди да проговори за трагедијата со дискотеката „Пулс“, каде загинаа млади животи.
Денес, советникот Алексов упати крајно навредливи зборови „Мрш бе, го*нар“ кон Акиов, што предизвика силна афектна реакција. Без намера, во тој момент беше погодена вработена во општината со пластично шише – за што Акиов веќе јавно се извини, и преку оваа реакција уште еднаш изразува искрено жалење.
Овој инцидент не смее да ја засени суштината: долготрајна дискриминација и навреди врз советникот Акиов, кој е мета на расистички испади од истиот советник Алексов – за што веќе е поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани по чл. 394-г од КЗ.
Воедно, остро го демантираме тврдењето на Сител дека било фрлено стаклено шише. Се работи за пластично шише и бараме медиумите да информираат точно и одговорно, без сензационализам“, се вели во партиското соопштение.

Да потсетиме, вчера седницата на Советот на Општина Кочани беше прекината, откако Акиов во афектна состојба тргна кон советникот Васе Алексов, физички да се пресметува, но беше спречен од страна на в.д градоначалникот на Кочани. Во неможност да дојде до него, Акиов зема предмет од една од масите и наместо да удри кон Алексов, повреди советничка удирајќи ја во лице.

(ВИДЕО) ХАОС ВО ОПШТИНА КОЧАНИ, СОВЕТНИК ДИВЕЕШЕ НА СЕДНИЦАТА: Фрли предмет па повреди една од советничките во лице, градоначалникот се обидуваше да го задржи но безуспешно



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик