25 Април, 2024
0.0276

Евент индустријата бара итни мерки од Владата

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Здружението на компании за организација, реализација и поддршка на настани, тв и филмски продукции ги поздравува напорите на Владата за помош на стопанството но
сметаме дека мерките се недоволни и недоречени, беше истакнато на денешната прес-конференција.

Нашата гранка беше првата што престана да работи на 28 февруари кога се донесе
забрана за одржување на јавни собири. Со тоа ние останавме без можност за било какви приходи. Ние немаме можност за онлајн или шалтерска продажба, а нашите компании во моментов се под клуч со промет од нула денари.

Без намера да ја игнорираме тежината на последиците со кои се соочуваат другите
гранки и индустрии, ние сме едни од ретките сектори кај кои бизнисот им беше целосно
прекинат преку ноќ. Нашиот бизнис практично не постои сè додека постои уредба за
забрана за јавни собири, а исто така забележуваме дека откако ќе заврши пандемијата, ќе биде потребно уште некое време пред да се дозволат јавните собири, додека, на пример, веднаш по завршувањето на кризата тоа нема да важи за превозниците, за угостителите или пак трговијата. Сакаме уште еднаш да истакнеме, дека нашата професија беше една од прво засегнатите уште кон крајот на февруари, а ќе и треба најдолго време да се врати во нормалниот работен тек.

Затоа бараме од Владата итни и системски мерки со кои би ни се помогнало во
надминување на овој тежок период. Освен веќе предложените мерки:

1. Бараме исплата на БРУТО плата за целиот период на траење пандемијата,
односно се до укинувањето на забраната за одржување на јавни собири и
2. Бараме исплатата на БРУТО плата да почне да важи од месец март бидејќи ние
како компании сме затворени уште во февруари.

Доколку не ни биде понудена соодветна поддршка и не бидат прифатени нашите
барања и тоа во најкраток можен рок, ќе бидеме приморани да ги отпуштиме нашите
вработени и да ги затвориме компаниите. Освен нашите редовно вработени, засегнати се и голем број на други сектори, индустрии и физички лица од различни профили – актери, музичари, водители, фотографи, сликари, дизајнери, костимографи, сценографи, светло мајстори, како и кастинг агенции, печатници, кетеринг служби, агенции за обезбедување, програмери, техничари, енергетичари, превозници, бравари, столари, и многу други.

Можеби ќе ве интересира

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив