28 Март, 2024
0.0266

ЕВЕНТ индустријата бара итни мерки од Владата

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Здружението на компании за организација, реализација и поддршка на настани, Тв и филмски продукции ги поздравува напорите на Владата за помош на стопанството но сметаме дека мерките се недоволни и недоречени. Нашата гранка беше првата што престана да работи на 28 февруари кога се донесе забрана за одржување на јавни собири. Со тоа ние останавме без можност за било какви приходи. Ние немаме можност за онлајн или шалтерска продажба, а нашите компании во моментов се под клуч со промет од 0 денари. 

Без намера да ја игнорираме тежината на последиците со кои се соочуваат другите гранки и индустрии, ние сме едни од ретките сектори кај кои бизнисот им беше целосно прекинат преку ноќ. Нашиот бизнис практично не постои сè додека постои уредба за забрана за јавни собири, а исто така забележуваме дека откако ќе заврши пандемијата, ќе биде потребно уште некое време пред да се дозволат јавните собири, додека, на пример, веднаш по завршувањето на кризата тоа нема да важи за превозниците, за угостителите или пак трговијата. 

Сакаме уште еднаш да истакнеме, дека нашата професија беше една од прво засегнатите уште кон крајот на февруари, а ќе и треба најдолго време да се врати во нормалниот работен тек. Затоа бараме од Владата итни и системски мерки со кои би ни се помогнало во надминување на овој тежок период. Освен веќе предложените мерки, 1. Бараме исплата на БРУТО плата за целиот период на траење пандемијата, односно се до укинувањето на забраната за одржување на јавни собири и 2. 

Бараме исплатата на БРУТО плата да почне да важи од месец март бидејќи ние како компании сме затворени уште во февруари. Доколку не ни биде понудена соодветна поддршка и не бидат прифатени нашите барања и тоа во најкраток можен рок, ќе бидеме приморани да ги отпуштиме нашите вработени и да ги затвориме компаниите. Освен нашите редовно вработени, засегнати се и голем број на други сектори, индустрии и физички лица од различни профили - актери, музичари, водители, фотографи, сликари, дизајнери, костимографи, сценографи, светло мајстори, како и кастинг агенции, печатници, кетеринг служби, агенции за обезбедување, програмери, техничари, енергетичари, превозници, бравари, столари, и многу други.

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира