29 Март, 2024
0.0469

ЕВН го одбележa Меѓународниот ден на волонтерите

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Со активности низ повеќе градови во Македонија волонтерите на ЕВН  го одбележаа Светскиот ден на волонтерството 5-ти декември. Групите волонтери работејќи на проекти во Скопје, Велес и Гостивар своето време и труд ги вложија за доброто на заедницата.  

Во населбата Ново Лисиче во Скопје во парк покрај станбени објекти, волонтерите на ЕВН направија игралиште за забава и рекреација  од моторни гуми, електрични кабли  и кабелски котури.  Долж  автопатот  Скопје - Велес беа засадени 2.450 садници, а гостиварските волонтери ги разубавуваа просториите  на Дневен центар за лица со посебни потреби и ги едуцираа штитениците на домот за значењето на енергијата.

Волонтер во скопската група беше и г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот Одбор на ЕВН Македонија.„Волонтирањето е желба и волонтерите за својот вложен труд не добиваат надомест. Со тоа се потврдува дека вредните нешта во животот не се секогаш креирани од  парите, некогаш за тоа се потребни желбата, човековиот труд и идеите.  Програмата за волонтирање на ЕВН е посебна по тоа што на вработените им нудиме целосна поддршка во реализацијата на волонтерските активности корисни за  локалните заедници, како што е и денешната. “ изјави г-дин Петер.

Поддршка на активностите од проектот  „ЕВН Волонтира“  даде и градоначалникот на општина Аеродром, г-дин Златко Марин. Според него секој труд вложен во вакви проекти е за доброто на поединците и за локалната заедница.

Проектот ЕВН Волонтира се реализира и во соработка со  граѓанската организација „Конект“ чиј  што претставник  Никица Кусиникова истакна дека ЕВН е позитивен пример за тоа како бизнисите треба да соработуваат со граѓанскиот сектор. 

„ЕВН Волонтира“ создаде нова енергија меѓу вработените во ЕВН. Волонтирањето придонесе не само за локалните заедници  низ цела Македонија туку и во зајакнувањето на тимскиот дух на компанијата. До сега се реализирани над 30 волонтерски акции, а  „ ЕВН Волонтира“ ја доби и националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2018 година во категоријата односи кон вработените и истовремено ја доби и главната награда за најинвентивна практика на годината. 

Можеби ќе ве интересира

Децата кои минатата годината станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Децата кои минатата годината станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт