28 Март, 2024
0.0250

ЕВН и МОН заеднички ќе го унапредуваат квалитетот на средното стручно образование

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

 ЕВН и Министерството за образование и наука потпишаа меморандум за соработка за зголемување на вклученоста на приватниот сектор во промовирањето на средното стручно образование и во унапредување на квалитетот на учењето преку работа. Со ова ќе се создадат услови за одржливо вработување и самовработување на мажи и жени, кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.

Целта на оваа соработка е да се зголемат знаењата и вештините кај младите преку унапредување на квалитетот на средното стручно образование и да се афирмираат придобивките од вклучување наприватниот сектор во образовниот процес. Со ова ќе се надмине јазот меѓу потребите на бизнис секторот и образовниот процес во земјава.

„Ова е плод на заедничката соработка меѓу ЕВН, владата и Министерството за образование“,  посочи г-дин Штефан Петер претседател на управниот одбор на ЕВН. Тој упати апел до родителите да размислат за иднината на своите деца и да ги поддржат во одлуката да стекнат применливо образование за подобра иднина. „ Ако имаат афинитети и се дообразуваат ќе имаат можност да стигнат далеку, дури до високи раководни функции“, додаде г-дин Петер.

Министерот за образование и наука г-дин Арбер Адеми изрази голема благодарност до ЕВН за подадената рака во спроведувањето на дуалното образование и поддршката на младите. Како следен конкретен проект на ЕВН што е дел од оваа соработка е отворањето на ЕВН паралелка во ОСТУ „ Гостивар“ во Гостивар, најави министерот Адеми. 

Учениците ќе учат во насоките електричари и електромонтери за електроенергетски мрежи, ќе посетуваат практикантска работа и по завршувањето на средното стручно образование во зависност од успехот ќе добија и понуди за работа во ЕВН. Ова е втора паралелка на ЕВН од ваков тип. Првата генерација електричари и електромонтери од СЕТУ „ Михајло Пупин“ од Скопје веднаш по завршувањето на образованието во 2020 година ќе имаат можност стекнатите знаења и вештини да ги применат на работните места во ЕВН.


Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“