24 Април, 2024
0.0265

ЕВН можеби нема да биде Универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата

Објавено во: Економија 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија од 2019 со новиот Закон за енергетика можеби нема да биде Универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата, откако ќе престане нивното субвенционирање од страна на малите и средните претпријатија, изјави Штефан Петер, претседателот на УО за „Капитал“.

Со либерализацијата на пазарот, сметките за електрична енергија за домаќинствата нема да поскапат во 2019, но само доколку државата успешно преку тендер ќе пронајде Универзален снабдувач кој ќе прифати да биде контролиран од Регулаторно тело.

- Бидејќи како што реков претходно, тие денес се вкрстено субвенционирани. Тоа значи дека во денешно време плаќаат цена пониска отколку на отворениот пазар. Од 2019 година, се разбира, тие можат да го сменат својот снабдувач со електрична енергија, но таму ќе им бидат понудени пазарни цени без субвенции, што значи зголемување од околу 20%. Добрата вест за нив е дека со новиот Закон за енергетика, владата одлучи да продолжи да ги поддржува домаќинствата. Тие ќе го направат тоа со нов Универзален снабдувач. Овој ентитет ќе им понуди на домаќинствата електрична енергија со регулирана цена утврдена од страна на Регулаторната комисија - вели Петер.

На прашањето дали ЕВН ќе биде тој снабдувач на универзалната услуга, тој одговара резервирано.

- Не, не, не! Владата ќе спроведе транспарентен тендер и преку одредени критериуми ќе го избере најдобриот од сите учесници. Не е ни сигурно дека ЕВН воопшто ќе учествува. Се разбира, зависи од условите за обезбедување на оваа услуга. Ако тие не се поволни, зошто да учествуваме? ЕВН не е непрофитна организација. Нашите акционери очекуваат враќање на нивната инвестиција, како и сите акционери. Вистината е дека по 12 години сеуште имаме акумулирано загуба од 40 милиони евра во нашиот биланс на состојба. Поради тоа, ние досега не сме платиле ниту едно евро како дивиденда на нашите акционери - наведе Петер.

Цената на струјата на домаќинствата ќе биде одредена од страна на РКЕ врз основа на нивната методологија.




Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава