23 Ноември, 2024
0.0659

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

Објавено во: Економија 26 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Со преку 3.600 бизнис клиенти и партнери, ЕВН Снабдување го одбележува десетгодишното постоење на слободниот пазар на електрична енергија. Со својата експертиза, партнерски пристап и искуство, компанијата е една од водечките на слободниот пазар на електрична енергија во земјава. Како членка на Групацијата ЕВН, која има големо искуство стекнато на преку 25 пазари во Југоисточна Европа, ЕВН Снабдување понуди уникатни услуги дизајнирани по мерка на компаниите.

„Компаниите бараа партнер кој може да ги пресретне и следи динамичните промени на пазарот и да биде поддршка во нивниот развој. Со својата секојдневна работа и голема посветеност,тимовите на ЕВН Снабдување изградија одлични позиции на пазарот, а се надевам дека во иднина ќе остварат уште подобри резултати со што ќе придонесат кон натамошен развој на пазарот“, истакна Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Партнерите и клиентите на ЕВН Снабдување добиваат лична услуга која менаџерот за клучни корисници на ЕВН Снабдување со неговиот тим ја дизајнираат според нивните потреби. Овој пристап е високо ценет на пазарот, а на партнерите им овозможува стабилен развој преку оптимизација на трошоците и зголемување на продуктивноста и ефикасноста.

„Ние сме и остануваме доверлив партнер на пазарот, продолжувајќи да креираме најдобри решенија и понуда, овозможувајќи раст на нашите партнери и развој на националната економија. Заедно со нашите партнери и во иднина успешно ќе ги пресретнуваме сите предизвици“ истакна Роланд Циглер, менаџер во ЕВН Снабдување.

ЕВН Снабдување има над 45 отсто пазарен удел, а за уште поголема стабилност и унапредување на понудата на пазарот, инвестираше во сопствени капацитети од 180MW електрична енергија од обновливи извори, додавајќи ѝ нова вредност на компанијата.ЕВН Снабдувањеобезбедува поддршка на своите партнери 24 часа во денот, 365 дена во годината.

„Деталната анализа на пазарот и поединечниот пристап што го развивме за секоја компанија со која соработуваме, ни даваат можност да создадеме квалитетна долгорочна врска со нашите партнери, која креира нови потенцијали за развој. Дополнителните услуги што ги нудиме за нашите партнери се додатен бенефит кој креира долгорочен раст“, истакна Беркант Шен, менаџер во ЕВН Снабдување.

Со дополнителните уникатни услуги што ги нуди на пазарот, ЕВН Снабдување дава сериозен придонес за развој на општеството во целина. Компанијата преку своите активности придонесе за развој на електромобилноста и во соработка со општините изгради сериозна инфраструктура за електромобилност во 17 градови низ земјата. Електрични полначи се поставени на јавни површини, во хотели и трговски центри, со што се создадоа услови за поголемо користење на електричните возила и за поголема заштита на животната средина.

Преку услугата за енергетска ефикасност, тимовите на компанијата изработуваат решенија со кои се намалува потрошувачката на електрична енергија, додека услугата виртуелен производителовозможува автоматско управување на централи на обновлива енергија приклучени на електродистрибутивната мрежа, со што се оптимизираат трошоците. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?