25 Април, 2024
0.1221

ЕВН со три награди за безбедност и здравје при работа

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2021

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија, Електродистрибуција и ЕВН Електрани наградени од страна на стручни македонски здруженија  од областа на безбедност и здравје при работа

ЕВН Македонија и компаниите ќерки Електродистрибуција и ЕВН Електрани ги добија најдобрите награди за ,,Добри практики во областа Безбедност и здравје при работа во 2020 година” а победниците беа избрани од страна на специјална комисија креирана за оваа намена. ЕВН Македонија го освои првото место во Категоријата за услужни дејности. Електродистрибуција исто така го освои првото место во Категоријата за производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и слично во групата за големи претпријатија, а ЕВН Електрани го освои второто место во истата категорија, во групата за мали претпријатија.

Наградени беа практиките на ЕВН за целосна заштита на вработените со  ковид мерки прилагодени на процес на работа, систематски преглед во ЕВН простории наместо во болнички, обуки за работа под напон спроведени под посебни услови и протоколи, обука со посебна стандардизирана опрема за работа на висина, примена на нови средства и опреми за стабилизирање на столбови, нов полигон за воведни обуки при секое ново вработување, како и нови работни простории со согласност со стандарди за највисока безбедност и здравје при работа.

Доделувањето се организираше онлајн токму на овој ден во чест на 28ми Април - Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.  За време на настанот се обратија директорката на Државниот инспекторат на труд – Јована Тренчевскаи други официјални лица од надлежни институции, како и претставници на здруженија и компании. Организатори на настанот се Здружението за инженери за заштита „ТУТЕЛА’’– Скопје, Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа „28ми Април” – Скопје.

Наградите им беа доделени на најдобрите правни субјекти во 2020 година, кои реално и стручно допринеле во сопствениот развој инвестирајќи и имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места.

Компаниите во 2020 година се соочија со голем светски предизвик во однос на заштитата на здравјето на своите вработени. ЕВН Македонија ги презеде сите мерки за заштита и превенција од КОВИД-19 и во целост  ги почитува препораките на Владата и засегнатите министерства.


ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет