18 Април, 2024
0.0375

ЕВРООБВРЗНИЦА: 650 Милиони евра за политичка корупција или за развој?

Објавено во: Економија 09 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

По која цена, на која сума и за што ќе се задолжи Владата. Ова според бизнисмените и економистите се клучните прашања што се отвораат по одлуката на Владата да побара максимален износ од 650 000 000 евра преку Еврообврзница на меѓународниот пазар. Според оценките на дел од аналитичарите, доколку се реализира целиот износ, Јавниот долг ќе порасне значително. Издавањето на Еврообврзницата освен економски последици има и политичка порака на двоецот Вмро-Дпмне и Дуи.   Јавниот долг ќе расте, од каде ќе се враќа ?   Доколку Владата ја задолжи Македонија со нови 650 милиони евра, тогаш тоа ќе се коси со буџетските документи, односно ќе се погази принципот на фискална дисциплина, вели економистот Бранимир Јовановиќ. “Според Буџетот за 2016 година кој што беше усвоен на крајот од лани се предвидуваше екстерно задолжување од околу 300 милиони евра меѓутоа најголем дел од тие пари веќе се обезbедија со издавање на претходната Еврообврзница. Ако се анализира низ таа призма нема потреба од издавање нa нова Еврообврзница, односно нејзиното издавње би било во спротивност со Буџетот за 2016 година. Имено, глeдано преку призма на фискалната дисциплина Еврообврзница во голем износ би било отстапување од принципот на фискална дисциплина. Гледано низ призма пак на фискалната транспарентност, самиот факт што ние не знаеме ништо за ова задолжување, укажува на тоа колку процесот е нетранспартентен. Не е познат износот, се шпекулира со суми а тој износ не е специфициран ниту во Буџетот“, вели Јовановиќ од “Левица“. Јасно беше дека власта ќе се позајмува на странските пазари, но сумата е голема и таа значајно ќе влијае врз вкупниот јавен долг, смета еден од поранешните министри за финансии и екс гувернер Петар Гошев. “Во оној момент кога ќе легнат парите, односно доколу се реализира целото најавено задолжување од 650 милиони евра, состојбата со задолженоста ќе се влоши. Ние и сега, со нецелосни показатели, имаме Јавен долг од 45% од БДП. Со новото задолжуавње тој ќе се згоелми за 7 процентни поени, односно ќе надмине 52% од БДП“, вели Гошев. Раст на јавниот долг предвидува и институтот “Финанце тинк“. “Најавеното задолжување е во износ од 6.7% од бруто домашниот производ. Со ова задолжување, јавниот долг ќе се искачи на 5 милијарди евра, односно 51.7% од БДП. По глава на жител, јавниот долг изнесува над 2.500 евра. Со оглед на високите износи, останува отворено клучното прашање за трошењето/намената на позајмените средства. Дополнително, цената (каматната стапка) на еврообврзницата ќе биде значително повисока од моментално-генерираниот економски раст, што имплицира дека ова позајмување е скапо“, велат од “Финанце тинк“ и го повикуваат  Министерството за финансии да изврши преоценка на износот на позајмувањето, во насока на негово значително намалување. Еврообврзницата ќе се издаде со рок на отплата од 10 години, но останува неизвесно која ќе биде цената на ова задолжување. “Политичкиот ризик е зголемен, состојбите се променети и секако дека инвеститорите ќе го пресметаат тој ризик. Неблагодарно е да се прогнозира, но ако се направи споредба со каматата на претходната Еврообврзница и на новонастанатата состојба на внатрешнополитички план, каматата би се движела меѓу 5 и 6 отосто. „Во секој случај Владата преку ова задолжување обезбеди пари за да купи уште едни избори, односно ќе може да проболжи со политичка корупција обезбедувајќи си власт најмалку до средината на следната година“, вели Гошев. ЗА ШТО ЌЕ ОДАТ ПАРИТЕ? Според дел од стопанствениците, најважно за ова задолжување е каде ќе завршат парите, за популистички буџетски политики или инвестициска поддршка на приватниот сектор. “Не е страшно да се задолжуваш, но важно е каде завршуваат парите од тие кредити и задолжувања, ако тие пари завршуваат во стопанството, односно ако има некој ефект од стето тоа. Влез на 50 милиони евра во стопанството не се секогаш 50 милиони евра, односно имаш мултиплицирачки ефект и тие пари стануваат 100 милиони евра. Ние велиме нека се задолжи владата 500 милиони или 1 милијарда, но ако со тие пари навистина ќе направи економијата, односно приватниот скетор да види нешто од тоа“ - вели Фатмир Бутиќи од Комората на северозападна Македонија. Еврообврзницата ќе биде издадена преку Дојче банк, а ќе котира на Ирската берза за хартии од вредност.

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи