ЕВРОПА ЧЕСТИТА: Двете земји ја искористија оваа уникатна прилика која дава пример
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2019
Oд ЕУ се огласија и велат дека Атина и Скопје испишаа нова страница за заедничка ЕУ иднина.
Претседателот на Европската комисија, Џан Клод Јункер, високата претставничка Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан во заедничко соопштение го поздравија усвојувањето на Преспанскиот Договор во Грција.
Тие го поздравија новиот чекор во усвојувањето на Преспанскиот Договор, со кој земјата станува Северна Македонија.
„Од самиот почеток ЕУ силно го поддржа историскиот договор потпишан од премиерите Ципрас и Заев под водство на ОН. Потребна беше политичка храброст, лидерство и одговорност од сите страни за да се надмине еден од најтешките спорови во регионот. Двете земји ја искористија оваа уникатна прилика која дава пример за помирување во цела Европа и ќе донесе дополнителен поттик за европската перспектива на регионот“, се вели соопштението.
Хан, Могерини и Јункер истакнаа дека ги чекаат следните процедурални чекори во спроведувањето на договорот.