25 Април, 2024
0.0288

ЕВРОПА Е ЕПИЦЕНТАРОТ НА ЕПИДЕМИЈАТА НА МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ: СЗО јавува за уште два смртни случаи, досега има 6.000 заразени

Објавено во: Свет 07 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Уште две лица починаа од мајмунски сипаници, покажува најновиот извештај на Светската здравствена организација. Претходно беше пријавен еден смртен случај од мајмунска сипаница. Сите смртни случаи се регистрирани во Африка. Сепак, според Светската здравствена организација, вирусната болест мајмунска сипаница која од почетокот на мај се прошири од централна и западна Африка во 58 земји не претставува меѓународна закана, пишува Си-Ен-Ен. Епидемија на ова вирусно заболување беше прогласена во мај 2022 година, а два месеци по нејзиното избувнување, регистрирани се повеќе од 6.000 заразени лица. Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација утврди дека моментално не ги исполнува критериумите за прогласување вонредна состојба во јавното здравство, но генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус сака Комитетот повторно да се занимава со ова прашање. Охрабрен од новите податоци за епидемијата и еволуцијата на нејзиното појавување, тој планира да го свика Одборот.

„Останувам загрижен за обемот и ширењето на вирусот. Низ светот сега се регистрирани повеќе од 6.000 случаи во 58 земји“, рече генералниот директор на СЗО, додавајќи дека проблем е и тестирањето на вирусот, како и бројот на неевидентирани случаи, пишува Си-Ен-Ен.

„Европа е сегашниот епицентар на епидемијата, со повеќе од 80 проценти од случаите во светот“, рече Гебрејесус. Бројот на случаи на мајмунска сипаница продолжува да расте на глобално ниво, а случаи се забележани и во оние африкански земји кои претходно не беа погодени од вирусот. Главниот директор на СЗО рече дека Организацијата внимателно ги следи сите податоци и соработува со земјите и производителите на вакцини за да ја координира дистрибуцијата на вакцините, кои се малку.

„Сакам да им дадам посебна пофалба на оние кои споделуваат видеа на Интернет преку каналите на социјалните медиуми, зборувајќи за нивните симптоми и искуства со мајмунски сипаници“, рече тој и рече дека ова е пример за позитивен начин за разбивање на синтагмата на вирусот со кој може да се зрази секој.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница