Европа има потреба од 4 милиони работници
Објавено во: Економија, Свет 22 Февруари, 2019
Во Европската унија се потребни 3.800.000 работници.
Се работи за медицински персонал, работници од металска струка, и кадри од информатичка технологија.
Ова го покажаа податоците на статистичката служба Еуростат.
Во однос на 2016 година недостигот на стручни кадри и работници се зголемил за 27%.
Тогаш во 28 држави имало 3 милиони непотполнети работни места.
Над 2.200.000 работници се потребни во Германија, 851.000 се потребни во Велика Британија, 271.000 во Чешка, Холандија 256.000, 156.000 во Полска, и 149.000 во Белгија.
126.000 непотполнети работни места има во Австрија, 125.000 во Шпанија, 103.000 во Шведска, 87.000 во Унгарија.