„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

Објавено во: Свет 15 Февруари, 2025 21:28
Украинскиот претседател ја повика Европа да формира свои безбедносни сили. Тој е незадоволен од односот на Доналд Трамп кон Европа и Украина пред почетокот на преговорите за ставање крај на војната во Украина.
Минхенската безбедносна конференција се одржува во Минхен, Германија (14-16 февруари), каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска апелираше до членките на Европската унија и европските членки на НАТО да формираат свој воен блок за да се заштитат од Руската Федерација во иднина, јавува Асошиетед прес. Изјавата на украинскиот лидер доаѓа откако германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се сретнал со лидерот на АФД, германската крајнодесничарска партија, пред парламентарните избори во Германија на крајот на февруари.
На овој безбедносен самит, американскиот претседател Доналд Трамп требаше да го претстави планот за ставање крај на војната во Украина. Но, претставувањето на планот беше одложено поради, како што тогаш се наведува, вклученоста на Европската унија и НАТО во мировните преговори.
„Навистина верувам дека дојде моментот. Вооружените сили на Европа мора да се формираат“, рече Зеленски.
Не се знае дали европските лидери ќе ја „фатат“ изјавата на Зеленски. Доналд Трамп разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата, 12 февруари. По враќањето на Доналд Трамп на власт, меѓу САД и Европската унија има несогласување во однос на пристапот кон преговорите за ставање крај на војната во Украина, што секако му одговара на Владимир Путин.
Украинскиот претседател инсистира Украина да биде на преговарачка маса и конкретно наведува дека мора да биде присутна и Европската унија. Зеленски го критикува Трамп што не ја споменува Европа во неговите планови за мировни преговори.
„Украина никогаш нема да прифати зделки направени зад наш грб, истото правило треба да важи и за Европа. Пред неколку дена претседателот Трамп ме информираше за неговиот разговор со Владимир Путин. Ниту еднаш не спомна дека на Америка и треба Европа на преговарачка маса. Тоа доволно зборува. Старите времиња кога Америка ја поддржуваше Европа завршија“, нагласи украинскиот претседател.
Фото: Фото: EPA-EFE/Javad Parsa NORWAY OUTМожеби ќе ве интересира
ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ОГРАНИЧИ ПАТУВАЊЕТО ВО САД ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД 41 ЗЕМЈА: Еве кој е на списокот поделен во три групи

„УКРАИНА НЕ ТРЕБАШЕ ДА ПРОВОЦИРА НЕКОЈ ПОСИЛЕН“: Трамп смета дека и најдобрата воена опрема не ѝ е доволна на Украина против Русија

ИМА НАЧИН ДА СЕ СЛЕДИ ДАЛИ ПРИМИРЈЕТО ФУНКЦИОНИРА: Зеленски даде предлог

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА, УЛИЦИ ПОД ВОДА: Поплави погодија делови од Италија

САД Е НА ПОТЕГ: Украина е спремна да потпише за минералите

СЕ ОДНЕСУВА ЗА СТРАНЦИТЕ: Путин издаде забрана за Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје

ОДМОР ЗА ЕДНО ЕВРО: Италијански град има конкурс, ќе ги награди најкреативните видеа

ТРАМП ЗБОРУВАЛ СО ПУТИН: Го замолил за една работа врзана за Курск

КАКВА КАТАСТРОФА ЗА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР, ЏОН ХОПКИНС: По ударот од Трамп, универзитетот ги гаси истражувањата и работните места
