Европа се чуди како македонските пензионери не се плашат од грип
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2018
Само шест отсто од македонските пензионери, односно возрасни граѓани со возраст од 65 години и повеќе превентивно се вакцинираат против грип, објави Евростат, што е една од најмалите стапки во Европа.
Евростат води посебна евиденција за оваа група на граѓани затоа што вообичаено смртноста од оваа болест ги опфаќа исклучиво постарите од 65 години, а како главни причини се заболувања на крвните садови и хронични белодробни заболувања.
На Балканот помалку од македонските пензионери превентивно се вакцинираат само бугарските со едвај два отсто и грчките со четири отсто.
Континентално, бројките се многу поголеми во Британија со 70 отсто, Холандија со 68 и Италија и Германија со 60 проценти.