19 Април, 2024
0.0242

Европа се произнесе за кризата во Венецуела - имаат едно барање

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Итна седница на Советот за безбедност во Обединети нации има за кризата во Венецуела.

Советот за безбедност на ОН денеска заседава на итна седница на барање на САД, за да расправа за кризата во Венецуела. Америка вчера ги повика сите земји да го поддржат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за нов претседател на земјата. 

Ситуацијата ескалираше кога претседателот Николас Мадуро, по потегот на Вашингтон, им даде рок американските дипломати до утре да ја напуштат земјата. Во меѓувреме, Гуаидо го одбил предлогот на Мадуро да седнат и да разговараат за ситуацијата во која се наоѓа земјата. Тој побара итна хуманитарна помош од Обединетите нации. Венецуела, иако е земја која поседува најмногу нафтени резерви, со години се наоѓа во економска криза. Опозицијата го обвинува Мадуро дека е неспособен да овозможи подобар стандард за народот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го предупреди оспорениот венецуелски претседател Николас Мадуро да ја заштити амбасадата на САД, на само неколку часа пред истекот на рокот за негово протерување.

„Дозволете ми да бидам 100 проценти јасен, претседателот Трамп и јас во целост очекуваме дека нашите дипломати ќе продолжат да добиваат заштита обезбедена со Виенската конвенција", изјави Помпео.

Тој додаде дека Мадуро не треба да ја тестира решителноста на САД да го заштитат својот народ.

Лидерите на Германија, Франција и Шпанија му порачаа на претседателот на Венецуела Николас Мадуро да распише избори во наредните осум дена, инаку за легитимна власт ќе ја признаат опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените