19 Април, 2024
0.0271

Европа значително заостанува во 5G трката, тврди извештај на Ericcson

Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Во Централна и Источна Европа, 4G се очекува да остане доминантна технологија барем во следните пет години.

За Европа се вели дека значително заостанува зад многу други региони кога станува збор за усвојувањето на 5G, со тоа што многу корисници сè уште се потпираат на 3G претплати за мобилните телефони.

На глобално ниво има вкупно 5,9 милијарди претплати за широкопојасен интернет за мобилни уреди, во споредба со глобалната популација од 7,6 милијарди, според новиот извештај за мобилност на Ericcson. Што се однесува до типовите мобилни претплати, извештајот открива дека Североисточна Азија имала девет пати повеќе 5G мобилни претплати во однос на Западна Европа - 9% и 1%, соодветно. Во Централна и Источна Европа, ова е помалку од 1 отсто.

Северна Америка се најде на второто место по североисточна Азија, со тоа што 4% од мобилните претплати се 5G, по што следуваат земјите од Заливскиот совет за соработка со 2 проценти.

4G останува доминантна технологија на мобилната мрежа за повеќето региони, сочинувајќи 78 проценти од претплатите за мобилни телефони во Западна Европа, 80% во земјите од Заливот, 83% во Североисточна Азија и 89% во Северна Америка. Во Централна и Источна Европа, само 50% од претплатите овозможуваат 4G технологија, додека 36 отсто сè уште се потпираат на 3G.

И покрај тоа, 20. Извештај за мобилност на Ericsson тврди дека иднината на 5G брзо се приближува, предводена од околу еден милион нови 5G мобилни претплати на глобално ниво секој ден. Технолошкиот гигант предвидува дека до крајот на оваа година, 5G  мобилните претплати ќе надминат 580 милиони, зголемувајќи се за 70 милиони само во текот на првиот квартал од 2021 година.

Кон крајот на минатата година, шведската телекомуникациска компанија ја зголеми својата проценка на глобални 5G претплати до крајот на 2020. година на 220 милиони, од кои 175 милиони - речиси 80% - се склучени Кина.

Бројот на глобални мобилни претплати за широкопојасен интернет се очекува да се искачи на 6,5 милијарди до крајот на 2026 година. Во исто време, се предвидува дека  популарноста на 4G во Западна Европа ќе се намали за повеќе од една четвртина (27%), а предвидено е дека над 60 провајдери на услуги ќе лансираат 5G услуги низ целиот регион.

Сепак, во Централна и Источна Европа се очекува дека 4G ќе остане доминантна технологија во 2026 година, сочинувајќи 65% од претплатите за мобилни уреди - речиси двојно поголем процент од предвидените 5G претплати, од 33%.

Извештајот наведува и дека заостанувањето на 5G во Европа е предизвикано од одложените аукции на спектарот во опсезите од 700MHz и 3,4-3,8 GHz, што влијаеше на ширењето низ целиот регион. Ова беше посебно точно за Велика Британија, каде што аукцијата за спектарот првично планирана за 2017 година, конечно се одржа во март 2021 година.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга