29 Март, 2024
0.0327

Европарламентот сака да ја „отпише“ Турција од барањето за прием

Објавено во: Свет 14 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Европскиот Парламент предложи да прекинат преговорите на Турција за членство во Европска унија. ЕП е силно вознемирена од фактот дека Турција систематски продолжува со кршење на човековите права, не ги почитува законите и ја ограничува слободата на медиумите, се наведува во соопштението од ЕП.

Европарламентарците денеска со 370 гласови „за“, 109 „против“ и 143 „воздржани“ ја изгласаа резолуцијата со која се поздравува минатогодишната одлука на Турција да ја укина вонредната состојба, што беше воведена по неуспешниот државен удар во 2016 година.

Во резолуцијата се наведува и дека ЕП не го одобрува зајакнувањето на власта на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган со што се ограничуваат човековите права во земјата. Европратениците изразуваат загриженост и поради масовното затворање на новинари, активисти и заштитници на човекови права.

Поради сето тоа ЕП предложи да прекинат преговорите помеѓу Турција и ЕУ. ЕП ја повика Турција да ги исполни 72 одредници кои се неопходни за визна либерализација.

Преговорите помеѓу Брисел и Анкара за членство на Турција во ЕУ почнаа во 2005 година.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?