01 Декември, 2020
0.0242

Европратеникот Ковачев: Наместо „бугарскиот окупатор“, да пишува „бугарска администрација“

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2020

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вечерва на социјалните мрежи се надоврза на барањата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и побара на таблите на сите споменици во Македонија поимот „бугарски окупатор“ да се замени со „бугарска администрација составена главно од Македонци“.

„Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“. Затоа, за да ги „погребамее“ митовите за „првата пушка“ и целата митологија, но и да бидеме барем малку пообјективни кон историските факти, предлагам на владата во Скопје сите плочи на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ да се заменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија и привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“.

За да се избегне гневот, можат да се направат неколку споменици во западна Македонија со „италијанскиот фашистички окупатор“.

Јас дури предлагам темата да се дискутира со германските власти што е можно побрзо, со цел да се покријат трошоците за замена на стотиците споменици и плакети низ цела Македонија“, напиша вечерва Ковачев на Фејсбук.

Останува да се види дали ова е новиот услов од Бугарија за Македонија, ако се знае дека вицепремиерот Каракачанов побара да се отстранат таблите од спомениците на кои пишува „бугарскиот фашистички окупатор“ и додаде дека е подготвен да испрати инженерски полк на помош. Потоа се надоврза дека „војниците би биле дочекани како во 1912, 1918 и 1941 со цвеќе, леб, сол и духовна музика“.


Можеби ќе ве интересира

Почина заменикот градоначалник на Скопје Енвер Маличи

Почина заменикот градоначалник на Скопје Енвер Маличи

Бугарија категорично НЕ, Меркел уште дава надеж за Македонија

Бугарија категорично НЕ, Меркел уште дава надеж за Македонија

Костадинов се пофали дека ќе ја донира целата пратеничка плата

Костадинов се пофали дека ќе ја донира целата пратеничка плата

Протестот почнува во 12.30: Мицкоски се извинува за метежот, бара масовност

Протестот почнува во 12.30: Мицкоски се извинува за метежот, бара масовност

СУДСКИТЕ ХОДНИЦИ РИЗИЧНИ: Адвокати реагираат дека поради долго чекање рочишта се изложени на зараза со ковид

СУДСКИТЕ ХОДНИЦИ РИЗИЧНИ: Адвокати реагираат дека поради долго чекање рочишта се изложени на зараза со ковид

ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ЗА ФАКТОР: Maкедонија да преговара со Бугарија, а во ЕУ да се смени механизмот на гласање

ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ЗА ФАКТОР: Maкедонија да преговара со Бугарија, а во ЕУ да се смени механизмот на гласање

Податоците на полноќ: 32 починати пациенти, Скопје на врвот

Податоците на полноќ: 32 починати пациенти, Скопје на врвот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Брисел нема оптимизам дека ќе ги почнеме преговорите, во Македонија се протестира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Брисел нема оптимизам дека ќе ги почнеме преговорите, во Македонија се протестира

ВМРО-ДПМНЕ протестираше во 11 града: Ласовска порача дека никој нема право да ги негира фактите

ВМРО-ДПМНЕ протестираше во 11 града: Ласовска порача дека никој нема право да ги негира фактите