21 Септември, 2019
0.0178

Eвропска земја ќе преземе мерки против Бразил ако не ги спасат шумите

Објавено во: Свет 23 Август, 2019

Ирска ќе го блокира договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Меркосур ако Бразил не го заштити Амазон.

„Нема шанси Ирска да гласа за договорот за слободна трговија ЕУ-Меркозур ако Бразил не ги исполни своите обврски за животната средина“, изјави премиерот Лео Варадкар.

Меркосур е трговски блок на четири економии од Латинска Америка – Аргентина, Парагвај, Бразил и Уругвај, што обединува 250 милиони луѓе и учествува со повеќе од 75 отсто во кумулативниот БДП на Јужна Америка.

ЕУ, која е најголем странски инвеститор во Меркосур, формулираше трговски договор со блокот на 28 јуни по скоро две децении преговори. Договорот допрва треба да биде целосно ратификуван од законодавството на ЕУ и нивните колеги од Меркосур во долг процес кој може да трае до две години. 

Амазон најголемата дождовна шума во светот е пеплосана од пожари што горат со рекордна стапка неколку недели. Агенцијата за вселенски истражувања во Бразил објави неделава, повикувајќи се на сателитски податоци, дека досега годинава во земјата имало 73.000 пожари. 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека рекордниот број пожари во Амазон се меѓународна криза и дека ова треба да биде главна тема на самитот на Г7.

„Нашата куќа гори“, кажа Макрон, по што бразилскиот претседател  Жаир Болсонаро го обвини дека го користи проблемот за политички цели.

Можеби ќе ве интересира

Француски градоначалник издаде необична наредба

Француски градоначалник издаде необична наредба

(ФОТО) Еве како изгледаат нафтените погони каде имаше напади

(ФОТО) Еве како изгледаат нафтените погони каде имаше напади

Саудиска Арабија почна воена интервенција за да се одмазди

Саудиска Арабија почна воена интервенција за да се одмазди

Уште една земја ја подигна заштитата на нафтените пристаништа

Уште една земја ја подигна заштитата на нафтените пристаништа

(ВИДЕО) ЕДНА СЛИКА, ИЛЈАДНИЦИ ДЕМОНСТРАНТИ: Светот здружен на глобален протест поради климатските промени

(ВИДЕО) ЕДНА СЛИКА, ИЛЈАДНИЦИ ДЕМОНСТРАНТИ: Светот здружен на глобален протест поради климатските промени

(ВИДЕО) НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ АЕРОДРОМ СКОРО ГОТОВ: Ѕирнете во новото кинеско чудо

(ВИДЕО) НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ АЕРОДРОМ СКОРО ГОТОВ: Ѕирнете во новото кинеско чудо

Трамп со полн џеб со готовина: Не сакам паричник и картички

Трамп со полн џеб со готовина: Не сакам паричник и картички

Американски дрон уби цивили

Американски дрон уби цивили

(ВИДЕО) Еве како е спасен пилотот кој висеше на далекувод

(ВИДЕО) Еве како е спасен пилотот кој висеше на далекувод