Европската комисија го казни Фејсбук со 110 милиони евра

Објавено во: Стил 18 Мај, 2017
Европската комисија денеска ја казни социјалната мрежа Фејсбук со 110 милиони евра бидејќи доставувала неточни и лажни податоци за преземање на сервисот WhatsApp.
„Денешната одлука праќа јасен сигнал дека компаниите мора да ги почитуваат сите аспекти на правилата на ЕУ за спојување на фирми, вклучувајќи ја обврската да достават точни информации“, соопшти комесарот на ЕУ за конкурентност Маргарет Вестгер.
Комисијата во образложението на одлуката наведува дека Фејсбук во 2014 година соопштил дека не е во состојба автоматски да ги поврзе корисниците на оваа социјална мрежа со налозите на WhatsApp, но две години подоцна го направил токму тоа, пренесе Ројтерс.
Оваа казна не ја поништува одлуката на Комисијата да го одобри купувањето на WhatsApp и не е поврзана со одвоени истраги за заштита на податоците, се додава во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
(1) Четири најзабавни, примамливи и возбудливи градови во светот

Најуспешниот грчки фудбалски клуб доби тригодишна суспензија

ЕМОТИВНО ИНТЕРВЈУ- ВЕРА ЈАНКОВИЌ- Го живеам сонот, не го сонувам животот

Четкар откри кои песни сака да ги пее Ѓорѓе Иванов

ВИКТОРИЈА ЛОБА НА ПРОМОЦИЈАТА НА ДУЕТОТ СО ТАЈЗИ: Еднаш неделно правам пилинг на цело тело
