Европската Комисија се подготвува за следење на судските предмети во Македонија

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020
„ ЕУ односно ЕК реши да го финансира проектот кој ќе почне годинава и ќе трае околу 3 години. Проектот за целиот регион ќе чини 6 милиони евра. ОБСЕ ќе го имплементира, разговараме со ОБСЕ зашто тие имаат искуство во набљудувањето судски случаи, што значи дека ОБСЕ ќе биде партнерот што ќе го врши мониторингот“, вели евроамбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар.
Тол вели дека деталите се договараат во моментот помеѓу Европската Комисија и ОБСЕ и дека се уште е рано да се сподели бројката на предмети што ќе бидат опфатени, како и дека проектот ќе почне годинава без да се прецизира датумот на почетокот.
Од Министерството за правда потврдуваат и велат дека станува збор за регионална иницијатива, поради што ќе треба да се почекаат и останатите држaви од соседството. Од таму велат дека Македонија веќе дала согласност за овој процес.
„Се надеваме дека овој проект прво ќе му помогне на судството самото да се подобри и да го подобри испорачувањето на правдата, се надеваме дека ќе ја зголеми довербата на граѓаните во судството и нам ќе ни помогне во подобро проценување како да му помогнеме на судството подобро од тоа што го правеле надлежните или ние самите“, додава Жбогар, кој вели дека сепак ќе се внимава да не се наруши принципот на немешање во независноста на судството.
Можеби ќе ве интересира
ТРПЕНОСКИ ПО ПРЕСУДАТА - Ако не сум бил новинар, тогаш што сум барал во Собранието на 27 април

ДОДЕКА СЕ ЧЕКААТ НОВИТЕ ДОЗИ НА ФАЈЗЕР: Од денес ќе се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години
До каде стигна судењето за „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Јовановски, Ременски и Мандиќ?

ДИМИТРОВ НА ЕВРОПСКА ТУРНЕЈА: Прва средба со министри од Виена

ПРОТЕСТ СО АВТОМОБИЛИ: КСС вели „Доста е, претеравте“

САМО ПО НЕКОЈ ПАНИЧЕН НАПАД И ЛЕСНИ СИМПТОМИ: По повеќе од 30.000 вакцинирани, ниту еден случај со сериозни несакани ефекти

По Дојран, се преговара и со други општини да овозможат попусти за српските туристи

Љупчо Николовски бара соработници, плата до 37.625 денари
