24 Април, 2024
0.0301

Европската недела на дигитализацијата се одбележува и кај нас

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во поддршка на Европската недела на дигитализацијата, Семос Едукација заедно со CertiAdria со проектот под наслов „#DoYouKnowWhatYouDontKnow“ овозможуваат тестирање за проверка на знаењето во Autodesk за: AutoCAD, 3DS Max, Maya и Revit.

Европската недела на дигитализацијата – European All Digital Week 2018, оваа година се одбележува во 25 европски земји во чии рамки повеќе од 1.245 партнери организираат обуки, семинари, работилници и други иницијативи во кои се вклучени околу 80.000 учесници.

Поддржана од корпорации, невладини организации и јавни власти, кампањата се организира секоја година во март од страна на ALL DIGITAL - организација која ги претставува европските мрежи на центри за дигитална компетентност. Кампањата се однесува на дигиталната и медиумската писменост, онлајн и сајбер безбедноста, кодирањето, како и многу други теми поврзани со дигитални вештини и технологија. Има за цел да помогне на луѓето да изградат доверба во технологијата преку развивање критичко размислување и медиумска писменост, како и да се развие пристап за доживотно учење и подобрување на дигиталните вештини во динамичната дигитално ориентирана економија.

Во поддршка на Европската недела на дигитализацијата, Семос Едукација заедно со CertiAdria со проектот под наслов „#DoYouKnowWhatYouDontKnow“ овозможуваат тестирање за проверка на знаењето во Autodesk за: AutoCAD, 3DS Max, Maya и Revit.

Тестирањето е наменето за сите проектанти, архитекти, градежни инженери, електро или машински инженери, геодети, 3D аниматори и сите оние кои професионално работат во најпопуларните алатки од  палетата на Autodesk.

Дополнително, сите заинтересирани кои сакаат да го проверат своето знаење и да се тестираат, ќе добијат можност за промотивен попуст од 30% на испит за Autodesk Certified User и 20% промотивен попуст на сите обуки од Autodesk. Со положување на некој од овие испити тие го сертифицираат своето знаење и се стекнуваат со меѓународен сертификат.

Пријавувањето за тестирањето е во тек и ќе трае до крајот на неделава, односно до 25 март. Бројот на тестови е ограничен, а сите заинтересирани може да се пријават на овој линк.

Бидејќи технологијата ги исполнува сите аспекти од нашите животи, никогаш не било поважно да се осигура дека сите европски држави имаат можност да стекнат дигитални вештини и сертификати кои ќе им помогнат да успеат како студент, граѓанин и вработен. Повеќе од било кога, потребно е сите да инвестираме во подобрување на дигиталните вештини за социјална вклученост, вработливост, претприемништво и едукација.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка