24 Април, 2024
0.0283

Европските аквизиции во доменот на челик на Либерти ќе го удвојат глобалниот производен капацитет на Групацијата

Објавено во: Мои пари 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска, петок, 12 октомври, Либерти, компанија во британска сопственост и дел од глобалната Алијанса ГФГ на Санџив Гупта, објави условен договор за купување четири фабрики за челик во Европа во кои ќе се вработат повеќе од 12.500 луѓе; така, таа се позиционира во срцето на челичната индустрија на континентот и ја зацврстува својата глобална улога во секторот.

Со  исклучително значајна трансакција, со што вкупниот капацитет за валање на Либерти ќе надмине 15 милиони тони годишно, Групацијата поднесе обврзувачка понуда да ги купи главните интегрирани бизниси на Арселор Митал во Галац во Романија и во Острава во Република Чешка, заедно со фабриките за валање во Скопје во Македонија и Пјомбино во Италија.

Договорот треба да го одобри Европската комисија и другите локални процеси, вклучувајќи го завршувањето на консултативните информации со локалните и европските работнички совети.

Додавањето на овие челични центри од огромно значење, го зголемува повеќе од двојно глобалниот капацитет за производство на метали на Либерти, што веќе зазема силна позиција во Обединетото Кралство како снабдувач со челик и алуминиум на автомобилскиот сектор, секторот на авиоинженериг и секторот на специјалистички инженеринг, а во Австралија врши снабдување со челик за градежништвото и инфраструктурата. Исто така, Групацијата произведува челик во САД за автомобилскиот сектор и други сектори.

Новиот европски капитал ќе го зајакне капацитетот на Либерти преку широк спектар на рамни и долги производи и ќе го отвори патот на Групацијата за развој на своите примарни и одржливи производни модели од ГРИНСТИЛ во индустриските јадра на континентот.

Денешното известување следува по неодамнешното воведување на инвестициската програма на Либерти во Франција, каде што го купи последниот преостанат производител на алуминиумски тркала во земјата и се договори да ја купи најголемата топилница за алуминиум во Денкерк; зделката се очекува да се склучи наскоро.

Либерти го обезбеди статусот на претпочитан наддавач за европските фабрики на Арселор Митал против конкуренцијата од другите производители, откако компанијата ја стави на продажба профитабилната актива како дел од договор со регулаторите на конкуренција во ЕУ за да се расчисти патот и Либерти да го купи италијанскиот гигант во челичната индустрија, Илва, најголемиот производител на рамни производи од  јаглероден челик во Европа. Либерти има блиска соработка со Арселор Митал со цел да подготви трансакција што ги задоволува барањата на Европската комисија и да создаде безбедна иднина за овие бизниси во рамките на Алијансата ГФГ.

По завршувањето, Либерти има намера да продолжи да инвестира во имотот и веќе има многу врвни објекти, и има за цел да постигне поголема конкурентност преку производство со минимално испуштање стакленички гасови поблиска интеграција со производството во понатамошна преработка со додадена вредност, како дел од својата стратегија „ГРИНСТИЛ“.

Покрај тоа, Либерти и пошироката Групација ГФГ имаат цел да развијат блиски работни односи со соодветните влади, синдикати и други локални заинтересирани страни со цел да ја оптимизираат вредноста на активата на челик за регионалните и националните економии.

Извршниот директор на Алијансата ГФГ, Санџив Гупта, рече: „Чест ми е да ја најавам оваа исклучително вредна трансакција, нашата најголема референтна точка до денес. Наеднаш овие аквизиции речиси ќе го удвојат обемот на нашата работна сила и глобалниот производен капацитет, давајќи ни големо присуство во срцето на клучните производни региони во Европа. Имаме намера да работиме со локални партнери за да се позиционираме цврсто во рамките на домашните синџири за снабдување на овие брзорастечки национални економии и да станеме клучен дел од просперитетниот европски индустриски сектор. Станува збор за висококвалитетни фабрики со висококвалификувани работници на кои со нетрпение чекаме да им посакаме добредојде во Алијансата ГФГ“.

Четирите постројки во пакетот имаат комбиниран капацитет за валање од околу 8 милиони тони годишно, и благодарение на тоа, Либерти ќе може да врши снабдување со целосен спектар на готови челични производи вклучувајќи: плочи, топло валан калем, ладно валан калем, поцинкуван лим, калајни плочи, прачки, жичени прачки и шини. Постројките ги опслужуваат домашните пазари и пошироките европски пазари, вклучувајќи ги автомобилскиот сектор, градежниот сектор, секторот на индустриска машинерија и секторите за нафта и гас.

Џеј Хамбро, главниот директор за инвестиции на Алијансата ГФГ, рече: „По соодветните одобренија за оваа трансакција, Алијансата ГФГ ќе има бројни нови глобални центри во Европа. Овие активности во доменот на челичната индустрија се високоефикасни, профитабилни објекти со модерна опрема, одлични транспортни врски со клучните пазари и висококвалификувана работна сила. Постои голем потенцијал за раст, понатамошна модернизација и примена на стратегијата ГРИНСТИЛ на ГФГ.

„Откако ќе влеземе во овие земји како производител на челик, со нетрпение очекуваме да работиме со партнери за да ги воведеме останатите дејности на ГФГ во овие земји. Желни сме да ги истражиме можностите за инфраструктурата, ресурсите и исклучително успешните тимови за обновлива енергија на СИМЕК, како и тимот за финансиски услуги во Вајлендс и специјалистите за недвижнини во ЏАХАМА како дел од целокупната понуда на ГФГ“.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот