19 Април, 2024
0.0296

Европските либерали ќе го притискаат Макрон за Македонија

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Процесот на проширување на ЕУ мора да продолжи, секоја земја мора индивидуално да се оценува, а веќе на следниот состанок на Европскиот Совет, на Северна Македонија треба да и се определи датум за почеток на пристапните преговори со Унијата, без евентуалната промена на методологијата на преговорите да има влијание врз почетокот на преговорите, се заклучоците во резолуцијата за нашата земја, што едногласно беше усвоена на 40-тиот конгрес на Европската Алијанса на либерали и демократи (АЛДЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

На тридневниот конгрес во Атина, што завршува денеска, учествува и ЛДП и нејзиниот претседател Горан Милевски кои се иницијатори на резолуцијата, поднесена заедно со над 10 сестрински партии од регионот и ЕУ.

„АЛДЕ се залага за проширување на Европската Унија, а резолуцијата ја разгледаа околу 800 делегати, вклучително и премиери, европски комесари, носители на одлуки, делегати и индивидуални членови на АЛДЕ од цела Европа“, вели Горан Милевски.

Според претседателот на ЛДП, оваа резолуција јасно наведува дека нашата земја предничи во исполнувањето на условите и мора да биде индивидуално третирана за своите успеси. Регионот мора да се движи напред, за што во резолуцијата се потсетува Европската Унија на Солунската агенда од 2003 година која го потврдува идното полноправно членство во ЕУ на земјите од регионот.

„Заклучно со Резолуцијата, за поздравување се напорите на коалициската влада во Скопје за градење на слободно и демократско општество, по долгогодишно демократско стагнација и авторитаризам, напредокот постигнат од нашата држава, како што е наведено во Извештајот за напредокот на Европската комисија од мај 2019 година, Дискусиите и заклучоците на Европскиот парламент, како и парламентите на Германија и Холандија во врска со започнувањето на разговорите за пристапување во ЕУ“, објаснува Милевски.

Според Резолуцијата, нашата земја е единствена на Западен Балкан која има меѓународно ограничени граници и нема отворени проблеми со соседите и во процесот на пристапување во ЕУ, што е посебен успех.

Паралелно, во резолуцијата се искажува несогласување и длабоко жалење што на нашата држава не и беше одобрен почеток на разговорите за пристапување на состанокот на Советот на ЕУ на 18-ти октомври 2019 година.

Според Милевски, поддршката од АЛДЕ е една од најзначајните, затоа што всушност АЛДЕ е во коалиција со Макрон и „кога твоите коалициони партнери ти вршат едногласен притисок дека треба да смениш нешто во твојата политика, тоа навистина е од најголемо значење“.

„Затоа мислам дека оваа резолуција и овој притисок од либералните премиери навистина ќе вроди со резултат кај Франција и особено кај Макрон“, рече Милевски и изрази надеж дека со поддршката на либералните премиери, Франција ќе попушти и ќе можеме до крајот на годинава да се надеваме дека одлуката ќе биде променета и сепак ќе добиеме датум за преговори.

За Милвски, она што е многу важно е што АЛДЕ сака да ги одвои овие две држави, да не се зборува за пакет, туку да се зборува за датум за Северна Македонија и датум за Албанија. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите