19 Април, 2024
0.0291

Евростат преброја колку жители има Македонија

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

На 1 јануари годинава Македонија имала 2.077.100 жители што е за околу 2.000 повеќе во споредба со 1 јануари 2018 година. Ова го покажуваат податоците што ги објави Евростат.

Бројот на населението во земјава за една година е зголемен за 0,9 отсто. Северна Македонија во изминатата година забележала позитивен природен прираст од 1,6 отсто. Лани се родиле 21.300, а умреле 19.700 лица.

Најбројно население меѓу земјите во регионот, според Евростат, има Грција 10,7 милиони, во Бугарија живеат 7 милиони луѓе, во Србија 6,96, во Хрватска нешто над 4 милиони, во Албанија 2,86, а во Црна Гора 626.000 луѓе.

Во ЕУ вкупно живеат 513,5 милиони жители, што е за скоро еден милион повеќе од претходната година.

Најмногу жители 83 милиони има Германија, потоа следи Франција со 67, Велика Британија со 66,6, Италија 60,4, Шпанија 46,9 и Полска 38 милиони жители. 

Но, одредени земји изгубиле добар дел од населението. За една година бројот на населението во Бугарија се намалило за уште 50.000, и падна на 7 милиони во услови кога бројот на луѓето во ЕУ се зголемил за повеќе 1. 512.400 милиони луѓе. Бугарија, според ова, заедно со Хрватска го дели второто место на ЕУ членки кои бележат најголем пад на бројот на населението. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите