Добивај вести на Viber
Еврозоната одобри на Грција да и се исплати новата кредитна транша во износ од четири милијарди евра, соопшти вчера претставникот на Европската комисија, Сајмон О’Конор.
- Грција ги исполни сите преземени обврски и тоа значи дека може да и одобриме исплата на нова транша - нагласи О’Конор.
Финансиската помош, Атина ќе ја добие на две рати. Првиот дел од парите, 2,5 милијарди евра, ќе пристигнат в понеделник, а останатите 1,5 милијарди евра, Грција ќе ги добие до крајот на летото.