EXPLORIS: Убавица со која ќе завладеете на морињата
Објавено во: Стил 19 Април, 2018
Познатото лондонско студио, Gresham Yacht Design, ја претстави новата 100 метри долга суперјахта наречена Exploris.
Јахтата плени со своите способности како и распонот од 7000 наутички милји, што ја прави вистински истражувачки брод. Јахтата во себе крие многу нешта како на пример хангер за хеликоптер, опсервациски салон, широка палуба и уште многу други прекрасни нешта за стопроцентно уживање.
Дизајнерите на ентериер од Seymour Diamond и дадоа прекрасна магија на оваа суперјахта, грижејќи се за секој детаљ.
На сето тоа ако ја додадете и Trident подморницата, фул опремата за нуркање и шансата да завладеете со сите Седум мориња, веруваме дека би сакале да бидете сопственик на една ваква убавица.