14 Јули, 2025
0.0285

Езеро Треска, Стар Дојран, Љубаништа - Државата не реализирала ниту една туристичка развојна зона

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2025 11:19

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија во денешниот објавен ревизорски извештај од контролата на работењето на Агенцијата за промоција на туризмот утврдила дека државата не реализирала ниту една од предвидените три туристички развојни зони кај езерото Треска во Сараај, Љубаништа во близина на Свети Наум, како и во Дојран, односно потточно Стар Дојран.

Законските надлежности биле кај Агенцијата за промоција и поттикнување на туризмот, но слабите кординирани активности со државата, направиле да не се реализира ниту една туристичка зона.

Со Законот за туристички развојни зони требало да се уредат погодностите за инвестирање со привлекување на домашни и странски инвеститори во туристичките развојни зони.

Одлука за основање на туристичка развојна зона Љубаништа од 7 април.2015 година престанала да важи во 2021, а  за одлука за основање на туристичка развојна зона Стар Дојран од 1 октомври 2013 не се јавил никој на огласот за купување на градежното земјиште. Најновиот проект - Туристичка развојна зона Сарај - езеро Треска е формирана со одлука на 17 март 2021 и измена од 26 јануари 2023 година.

- Во однос на туристичко развојната зона Сарај- езеро Треска, формирана е Комисија за спроведување на постапка за јавно наддавање која има одржано повеќе состаноци. Во ноември 2023 година доставена е Информација до Владата во која се укажува на проблеми со кои се соочува Комисијата, заклучок на Комисијата за иземање од понатамошната постапка имајки ги предвид законските одредби и невозможноста за понатамошно делување во законската процедура, како и потребата од измени во Законот за туристички развојни зони, со цел усогласување на процедурите и постапките по истото. На ревизијата не и се доставени докази за дадени насоки од страна на Владата по однос на доставената Информација, ниту за преземање на понатамошни активности од страна на Комисијата“, утврдил државниот ревизор.

ДЗР констатира дека Агенцијата за туризам немала ниту доволно финансии и кадар за да ги реализира овие проекти во смисла на обезбедување на услови за користење на просторот, анализа на локацијата и обезбедување услови за планирање на истата, промовирање и рекламирање на зоните, привлекување на корисници на зоната, и друго. 

„По спроведување на постапка за отуѓување на градежно земјиште, надлежностите на АППТ треба да се насочат кон: склучување на договор за отуѓување на градежното земјиште по претходна согласност од страна на Владата, надзор на реализацијата на договорот за отуѓување на градежното земјиште во рамките на зоната, евиденција на склучените договори за отуѓување на градежно земјиште во рамките на зоната, како и следење на реализацијата на договорот за државна помош. 

АППТ има надлежност за обезбедување на средства и исплати по однос на спроведена постапка за експропријација, процена за насади, посеви, огради и вложувања на парцелите до и во зоната, а за потребите на зоната согласно со 11 Бр.09-445/ 1 од 27.11.2023 година одредбите од Законот за експропријација и согласно со одобрена планска документација, проект за инфраструктура и друга соодветна техничка документација. Наведеното придонесува за неостварување на целта на законот насочена кон забрзување на економскиот развој со привлекување на странски и домашен капитал за развој на туризмот и националната економија, зголемување на конкурентноста и зголемување на вработеноста“, објавено е во извештајот.

Можеби ќе ве интересира

Дали треба да ja проверувате е-поштата на одмор - или да се соочите со „цунами“ од пораки по враќањето?

Дали треба да ja проверувате е-поштата на одмор - или да се соочите со „цунами“ од пораки по враќањето?

ЌЕ ПРЕГОВАРААТ: ЕУ ги одложува контрамерките против САД

ЌЕ ПРЕГОВАРААТ: ЕУ ги одложува контрамерките против САД

Кога да резервирате и каде да престојувате: Шест совети за заштеда на пари на одмор

Кога да резервирате и каде да престојувате: Шест совети за заштеда на пари на одмор

Еврото во однос на доларот е најсилно во последните четири години - носи ли ова проблеми?

Еврото во однос на доларот е најсилно во последните четири години - носи ли ова проблеми?

ЌЕ ИМ ДАДЕ ПАРИ НА ЛУЃЕТО ЗА ДА ОДАТ ВО РЕСТОРАНИ: Ваква мерка воведе претседателот на Јужна Кореја

ЌЕ ИМ ДАДЕ ПАРИ НА ЛУЃЕТО ЗА ДА ОДАТ ВО РЕСТОРАНИ: Ваква мерка воведе претседателот на Јужна Кореја

Сите сакаат квадрат повеќе: Пазарот на недвижности „гори“ во Црна Гора

Сите сакаат квадрат повеќе: Пазарот на недвижности „гори“ во Црна Гора

Ова се земјите со најголеми резерви на природен гас: Еве ги првите три

Ова се земјите со најголеми резерви на природен гас: Еве ги првите три

ЕВРОПЈАНИТЕ СЕ РАЗОЧАРАНИ: Трамп ги налути со царините

ЕВРОПЈАНИТЕ СЕ РАЗОЧАРАНИ: Трамп ги налути со царините

Неодржливи се високите цени на кафето: Експертите предвидуваат пад на потрошувачката и „рушење“ на цените

Неодржливи се високите цени на кафето: Експертите предвидуваат пад на потрошувачката и „рушење“ на цените