28 Март, 2024
0.0262

Фајненс Тинк: Растот на БДП во Македонија над очекувањата, зголемена побарувачка на работници

Објавено во: Економија 11 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Фајнанс тинк го публикуваше ФТ Став бр. 37 за бројките за БДП и невработеноста. Во четвртиот квартал од 2018 година, посочуваат од Фајнанс тинк, економијата испорача раст на БДП од 3,7%, што заедно со другите квартали резултираше со раст за целата 2018 година од 2,7%.

„Овој резултат е благо над очекувањата на меѓународните финансиски институции и домашната експертска јавност.

Според расходната страна, растот на потрошувачката на домаќинствата останува солиден (3,5%), но она што е различно од претходно се раните знаци за стабилизација на инвестициската активност, која има раст во четвртиот квартал од 1,6%, што е важно, особено ако се има предвид дека во остатокот од годината инвестициската активност беше потисната генерално, како и поради подизвршувањето на капиталните инвестиции на државата (види ФТ Став бр. 33 за државните капитални инвестиции од 25.7.2018). Сепак, инвестициската активност е значајно варијабилна и овие рани знаци не се гаранција дека таа ќе продолжи според тој тек. Оттука, фокусирање врз испорачувањето раст, стабилен и економски и политички амбиент, предвидлива даночна политика и реализација на квалитетни капитални инвестиции од страна на Владата ќе биде значаен чекор за стабилизација и подобрување на приватната инвестициска активност.

На производната страна, растот сега е на поширокопојасна основа од претходно, што исто така е ран позитивен знак, особено солидниот раст во индустријата и трговијата, кои се столб на приватниот сектор“, образложуваат од Фајнанс тинк.

„Позитивните придвижувања кај БДП се проследени со понатамошно значајно намалување на невработеноста на 19,4% на крајот од четвртиот квартал од 20,8% на крајот од претходниот квартал. Овој пад се должи главно на зголемената побарувачка за работници во приватниот сектор, особено кај големите работодавачи и оние во слободните зони, а делумно и на раздвижениот пазар на труд поради активните мерки за вработување. Во услови на вака динамизиран пазар на труд, особено вработувањата во јавниот сектор треба да се сведат на неопходниот минимум и да се засноваат на принципот на заслуги. Во претстојниот период, мерките сврзани со политиките за вработување особено треба да се насочат кон вештините што ги поседува невработената работна сила со цел да се пресретне потребата за адекватно квалификувани работници.

Фајнанс тинк ѝ препорачува на Владата да го искористи позитивниот момент присутен во овие бројки за БДП и невработеноста и целосен фокус да стави врз економските политики и бизнис-климата. Формулирањето јасна економска визија од страна на Владата сè уште отсуствува. Владата не треба да дозволи претстојните избори и други политички турбуленции сега да ги нарушат раните знаци на подобрување на економската активност“, додаваат од Фајнанс тинк.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат