21 Јануари, 2021
0.0181

Фајненшал Тајмс: Шефот на Ериксон се спротивстави на шведската 5G забрана за Huawei

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2020

Одлуката на Шведска да го забрани кинескиот Huawei од своите 5G мрежи ја ограничува слободната конкуренција и трговија, изјави шефот на спротивставениот снабдувач на опрема за телекомуникации, Ериксон за „Financial Times“.

Шведскиот телекомуникациски регулатор (Post and Telecom Authority Sweeden) овој месец ги запре владините тендери за 5G откако судот суспендираше делови од одлука со која беше исклучен Huawei заради ризици на националната безбедност.

„Јас припаѓам во таа категорија која верува дека конкуренцијата нè прави подолгорочно подобра компанија. Можеби е болно пократкорочно, но подолгорочно нè тера да бидеме поиновативни и да правиме подобри производи за нашите клиенти “, изјави извршниот директор на Ериксон, Борје Екхолм, за весникот.

Шведски Ериксон има добиено договори од трите најголеми оператори во Кина за снабдување со радио опрема за 5G мрежи, додека финскиот ривал Нокиа нема добиено никакви договори за 5G радио на високо конкурентскиот пазар.

Huawei негира дека е ризик за национална безбедност и поднесе жалба на одлуката на Шведска.

Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека Шведска треба да ја укине забраната за Huawei и за компанијата од иста дејност ZTE за да избегне негативно влијание врз шведските компании во Кина.

Екхолм рече дека очекува да се одложи целокупното ширење на новите телекомуникациски мрежи, додавајќи дека политичкиот фокус во Европа треба да биде насочен кон испорачување на 5G што е можно побрзо.

„Размислете за 4G - дебатата во Европа беше: што е најновата апликација? Американците и Кинезите ја претставија најбрзо 4G мрежата и во економијата на апликации за потрошувачите сега доминираат американски и кинески фирми “, рече тој.

„5G ќе биде иста, но за претпријатијата. Забавувањето на опсегот на 5G е ризик за економијата. Европа ризикува повторно да заостане “.

Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

Бајден и официјално стапи на претседателската функција на САД

Бајден и официјално стапи на претседателската функција на САД

(ФОТО+ВИДЕО) РЕДОК ФЕНОМЕН: Пустината Сахара е покриена со снег

(ФОТО+ВИДЕО) РЕДОК ФЕНОМЕН: Пустината Сахара е покриена со снег

Држава оди во карантин - граѓаните да не одат подалеку од еден километар од домот

Држава оди во карантин - граѓаните да не одат подалеку од еден километар од домот

Вакцината на Фајзер/БионТек го запира новиот британски вид на корона вирус

Вакцината на Фајзер/БионТек го запира новиот британски вид на корона вирус

Не им се доставени 29 отсто од ветените дози вакцини - Италија се закани дека ќе ја тужи Фајзер

Не им се доставени 29 отсто од ветените дози вакцини - Италија се закани дека ќе ја тужи Фајзер

Горбачов разговараше за нуклеарното оружје со Бајден и очекува продолжение на „НОВ СТАРТ“

Горбачов разговараше за нуклеарното оружје со Бајден и очекува продолжение на „НОВ СТАРТ“

И по еден час откако заболен зборувал, во аеросолите во просторијата уште има коронавирус: Најново истражување

И по еден час откако заболен зборувал, во аеросолите во просторијата уште има коронавирус: Најново истражување

Анализа: По што ќе се памети Трамп и што ќе го одбележи претседателството на Бајден?

Анализа: По што ќе се памети Трамп и што ќе го одбележи претседателството на Бајден?

ИНАУГУРАЦИЈА НА БАЈДЕН: Се очекува спектакл на светски ѕвезди и десетици илјади војници од Националната гарда

ИНАУГУРАЦИЈА НА БАЈДЕН: Се очекува спектакл на светски ѕвезди и десетици илјади војници од Националната гарда