29 Март, 2024
0.0435

ФАЈНЕНШAЛ ТАЈМС: Зошто е опасно ако Македонија добие датум, а Албанија остане да чека?

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

ЕУ не смее да го остави Балканот сам на себе.

ЕУ не би требало да се откаже од Балканот, а неисполнетите ветувања за членство би можеле да ги ослабат умерените и реформски струи во регионот, оценува Фајненшал тајмс.

Европската Унија би можела да направи историска грешка на Балканот, бидејќи лидерите на Унијата на самитот во јуни треба да одлучат за пристапните преговори со Албанија и Македонија. Одлуката треба да биде едногласна, а некои земји како Франција и Холандија се колебаат со следната фаза на проширувањето на Унијата, пишува ФТ.

Французите сакаат ЕУ да се фокусира на своите реформи, јакнењето на зоната на еврото и избегнувањето на мерки кои би можеле да ги зајакнат националистичките и популистичките струи. Меѓутоа, тоа би можело да се сврти против Унијата, која смета дека ја има контролата врз Балканот, смета британскиот весник.

„Ако вратите на ЕУ останат затворени, умерените струи можат да бидат дискредитирани. Меѓутоа, постои и опасноста вратите да бидат отворени само за Макеоднија, а Албанија да биде оставена да чека. Таквата иницијатива би долеала масло на огнот на паналбанскиот национализам“, наведува ФТ и додава дека би постоел ризик од експлицитно оживување на идејата за „голема Албанија“.

Британскиот весник во својата анализа смета дека таквото сценарио дополнително би ги поткопало напорите за решавање на прашањата меѓу Белград и Приштина и би ги засилило тензиите меѓу Бошњаците, Хрватите и Србите во БиХ.

Се наведува примерот на решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција, со што Скопје наводно покажало дека се откажува од ултранационализмот на претходниците. Македонскиот народ можеби ќе се праша дали ЕУ некогаш ќе ги отвори своите врати ако дипломатијата и управувањето со националните димензии на конфликтот околу името не бидат наградени со пристапни преговори, смета ФТ.

Таквото доцнење би ги одложило реформите во Македонија, би ја поткопало борбата против корупцијата и организираниот криминал, а со тоа би можел да заживее македонскиот шовинизам, оценува весникот.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница