„Фајненшл тајмс“ открива како стоиме со странски инвестиции во однос на регионот
Објавено во: Економија 16 Август, 2019
„Фајненшл тајмс“ во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд инвестициите ФДИ за 2019.
Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија има огромен пад за само 2 години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните, но и надвор од нив.Србија е прва, а Македонија за две години од 3-то потона на 18-то место според директни странски инвестиции.
Зад Србија следи Црна Гора. БиХ е на 15-то место, на 17-то место е Бугарија, Романија е 24-та.
Во топ 5 се и Камбоџа, Литванија, и Малта.
На дното на листата се Португалија, Чешка и Салвадор.