Фајзер ја намалува испораката на вакцини во Европа, немаат доволно произведено
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2021
Фармацевтскиот гигант Фајзер ќе ја намали испораката на вакцината во Европа се додека не го зголеми своето производството.
Според Институтот за јавно здравје на Норвешка, помал број вакцини ќе добијат сите европски земји.
И покрај тоа што Норвешка очекувала во текот на следната недела да им бидат испорачани 43.875 дози вакцини, компанијата Фајзер ќе им достави 36.075.
Фајзер соопшти дека мора да изврши измени во процесот што ќе бара дополнително регулаторно одобрување.
-Иако ова привремено ќе влијае на пратките кон крајот на јануари до почетокот на февруари, тоа ќе обезбеди значително зголемување на дозите достапни за пациентите кон крајот на февруари и март, се вели во соопштението на Фајзер, а пренесува британски Гардијан.
Многу земји во ЕУ велат дека добиваат помали испораки на вакцини против Ковид-19 од претходно очекуваните и се жалат на неизвесност за идните испораки, изјавија претставници на ЕУ за Ројтерс.