21 Април, 2021
0.0235

ФАЈЗЕР КОНЕЧНО ГО ДОСТАВИ ДОГОВОРОТ: Уверуваат дека овој месец ќе стигнат првите 21.060 дози

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021

Министерството за здравство ja информира јавноста дека компанијата „Фајзер-Бионтек“, производител на вакцини против Ковид 19, денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини. Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на цела 2021 година. 

Производителот „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Република Северна Македонија ќе и испорача 800.280 дози вакцини. Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во 4 квартали, а првата достава ќе се случи во месец март. Во договорот е наведено дека компанијата „Фајзер-Бионтек“ овој месец во нашата земја ќе испорача 21.060 дози вакцини. Вакцините на производителот „Фајзер-Бионтек“ се спакувани во повеќедозажни вијали, од една вијала се вадат 6 дози вакцини. Вакцината се чува и дистрибуира на -70 степени, во обичен фрижидер од 2 до 8 степени може да стои 5 дена, а растворена да се чува 6 часа. Нашиот здравствен систем е целосно подготвен за прием и спроведување на вакцинација. Со вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек“,  веќе неколку недели се врши имунизација на здравствените работници кои се во првата приоритетна група за вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, соопштуваат од Министерството за здравство.

Можеби ќе ве интересира

Маж си ја убил сопругата во Струга

Маж си ја убил сопругата во Струга

Продолжуваат мерките за ограничување на движењето до 27 април, но предвидени се исклучоци

Продолжуваат мерките за ограничување на движењето до 27 април, но предвидени се исклучоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе набавува вакцини од „Торлак“, Македонците кои се вакцинира, може да се ревакцинираат во Србија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе набавува вакцини од „Торлак“, Македонците кои се вакцинира, може да се ревакцинираат во Србија

Охриѓанец дал 4.500 евра на измамници кои го лажеле дека ќе добие наследство од Франција

Охриѓанец дал 4.500 евра на измамници кои го лажеле дека ќе добие наследство од Франција

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Земјотрес е регистриран во западна Македонија

Земјотрес е регистриран во западна Македонија

Србите во Македонија нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август

Србите во Македонија нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ: Се намалува бројот на заразени и починати

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ: Се намалува бројот на заразени и починати

Регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 и 31 починат

Регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 и 31 починат