ФАЈЗЕР МОЖЕ ДА СЕ ЧУВА ВО ОБИЧЕН ФРИЖИДЕР И ДО ЕДЕН МЕСЕЦ - ЕМА со нова препорака
Објавено во: Свет 17 Мај, 2021
Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините Фајзер/Бионтек при нормална температура на ладилникот, од пет - на 31 ден, со што ќе се олеснат логистичките предизвици за спроведување на вакцинацијата.
Оваа препорака се однесува само на неотворените ампули, објаснува ЕМА. Европскиот регулатор ја издаде својата препорака врз основа на дополнителни студии за стабилност на вакцините, поднесени на евалуација од две партнерски компании.
Американските власти во февруари одобрија складирање и транспортирање на вакцината на стандардни температури во фрижидер од два до осум Целзиусови степени најмногу две недели, наместо вообичаените минус 80 до минус 60 степени Целзиусови.
ЕУ повика на значително зголемување на производството на вакцини во Европа и потпиша нов договор за снабдување на 1,8 милијарди дози Фајзер/Бионтек, откако пристигна значително помалку отколку што се очекуваше вакцината АстраЗенека во Унијата.