27 Септември, 2024
0.0321

ФАКТОР НА ТЕРЕН: Еве кој ја почитува владината одлука за намалување на цените

Објавено во: Економија 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Цените во големите синџири маркети се променети. Утринската посета на дел од поголеми ланци маркети во главниот град покажува дека основните продукти кои беа опфатени со владината одлука имаат нови пониски цени.

Млекото, дел од тестенините се со пониски цени. Дури и сирењата и кашкавалите имаат благо намалени цени. Па така на пример во дел од маркетите може да се најде трајно млеко и за 61 денар, но тоа е само во маркетите кои важат за поевтини, односно кои имаат пониски маржи. Во дел од синџирите маркети млекото се продава по цена од 65 до 72 денари.

Граѓаните секако заинтересирани за одредбата, прво прашуваат дали млекото има пониска цена, па потоа купуваат.

-  Прво прашав дали млекото се продава по намалена цена, па потоа земав. Гледам дека имаат истакнато нови цени, ама да си прашам дали и на каса се сменети цените – вели една скопјанка која ја затекнавме во голем маркет во гратскиот трговски центар.

За потсетување Владата донесе одлука за намалување на цените на тестениние и на млечните производи за 15 и 10 проценти. Одлуката ќе се применува до 31 мај 2023 година.

Од маркетите накратко велат дека одлуката се почитува и дека од денеска имаат нови цени на дел од производите опфатени со мерката. Покрај млекото, со нови цени се и урдата, павлакта, јогуртот...

Синоќа се огласи и првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски кој потенцираше дека од денеска на терен ќе бидат инспекторите кои ќе контролираат дали се почитуваат одлуките на Владата за намалвуање на цените на тестенините, млекото и млечните производи.

- Трговците имаат обврска да ги усогласат цените, во спротивно ќе следуваат високи казни, без селекција! Работиме во интерес на граѓаните! Се носат позитивни одлуки и решенија, а следува намалување на цени и на други основни производи!Ваквите мерки очекувам да бидат поттик за трговците самоиницијативно да ги намалат цените и на останатите производи кои се неопходни за граѓаните – напиша Трајковски на Фејсбук.

Надлежните исто така најавуваат анализи за можни понатамошни мерки за замрзнвуање или намалување на цените на основните прехрамбени производи. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека се следат и цените на овошјето и зеленчукот кои, исто така, ако трговците, но и производителите сами не ги намалат, можно е Владата да реагира со нова Одлука.

П.О. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЗОШТО „ПЕЛИСТЕРКА“ ЗАРАБОТИ ЈАВНА ОПОМЕНА - кои одлуки не биле навреме објавени

ЕВЕ ЗОШТО „ПЕЛИСТЕРКА“ ЗАРАБОТИ ЈАВНА ОПОМЕНА - кои одлуки не биле навреме објавени

КВАЛИТЕТНО ПОВРЗУВАЊЕ НА СКОПЈЕ СО БУДИМПЕШТА СО БРЗА ПРУГА НА КОРИДОР 10: Николоски разговараше со неговиот колега Јанош од Унгарија, еве што договорија

КВАЛИТЕТНО ПОВРЗУВАЊЕ НА СКОПЈЕ СО БУДИМПЕШТА СО БРЗА ПРУГА НА КОРИДОР 10: Николоски разговараше со неговиот колега Јанош од Унгарија, еве што договорија

ПРОФЕСОРОТ МИХАИЛ ПЕТКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПОЗИЦИЈАТА ЧЛЕН НА ОДБОРОТ - „Тетекс“ објави ценовно чувствителна информација

ПРОФЕСОРОТ МИХАИЛ ПЕТКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПОЗИЦИЈАТА ЧЛЕН НА ОДБОРОТ - „Тетекс“ објави ценовно чувствителна информација

„ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА, НИЕ ПОДДРЖУВАМЕ СЀ ШТО Е ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ“ - министрката за енергетика за Бизнис муабети на Фактор

„ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА, НИЕ ПОДДРЖУВАМЕ СЀ ШТО Е ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ“ - министрката за енергетика за Бизнис муабети на Фактор

Јован Деспотовски замина во опозиција и отвора приватен бизнис

Јован Деспотовски замина во опозиција и отвора приватен бизнис

КОЈ Е ПОДГОТВЕН ДА ИНВЕСТИРА ВО ОБЈЕКТ НА ПОПОВА ШАПКА?! Еве што може да купите преку комерцијалните банки

КОЈ Е ПОДГОТВЕН ДА ИНВЕСТИРА ВО ОБЈЕКТ НА ПОПОВА ШАПКА?! Еве што може да купите преку комерцијалните банки

ФИРМИТЕ ШТО СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА ТЕНДЕРОТ ЗА БУГАРИЈА, НЕ ПЛАНИРАЛЕ ДА ГРАДАТ, САКАЛЕ ДА ГО ЗЕМАТ АВАНСОТ И ДА ИСЧЕЗНАТ: Николоски открива зошто пропадна тендерот за пруга кон Бугарија

ФИРМИТЕ ШТО СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА ТЕНДЕРОТ ЗА БУГАРИЈА, НЕ ПЛАНИРАЛЕ ДА ГРАДАТ, САКАЛЕ ДА ГО ЗЕМАТ АВАНСОТ И ДА ИСЧЕЗНАТ: Николоски открива зошто пропадна тендерот за пруга кон Бугарија

УЛТРА, МЕГА, СУПЕР БРЗ ВОЗ ОД БЕЛГРАД ДО УНГАРИЈА: Ќе се патува само 76 минути

УЛТРА, МЕГА, СУПЕР БРЗ ВОЗ ОД БЕЛГРАД ДО УНГАРИЈА: Ќе се патува само 76 минути

ЕВЕ КАДЕ ЌЕ ШЕТАМЕ - БЛИЗУ 400 ПРОДАВНИЦИ, РЕСТОРАНИ И СУПЕРМАРКЕТИ: Во Нов Белград официјално беше отворен новиот кинески трговски центар

ЕВЕ КАДЕ ЌЕ ШЕТАМЕ - БЛИЗУ 400 ПРОДАВНИЦИ, РЕСТОРАНИ И СУПЕРМАРКЕТИ: Во Нов Белград официјално беше отворен новиот кинески трговски центар