20 Април, 2024
0.0267

„Фактор анализа“: Од што, како и колку заработуваат банките?

Објавено во: Економија 05 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Дури шест од седум банки кои се предмет на анализата имаат поголеми вкупни приходи во споредба со истиот период лани и покрај тоа што живееме во пост – ковид криза засилена со негативни и инфлаторни влијанија поради растечките цени на енергенсите. Просто за банките „нема зима“ и добро е што е така без разлика колку тоа чини

Деловните банки во Македонија се веројатно најздравата индустрија која има конктинуиран и изразен раст, покажуваат официјалните податоци на 7 од 12 банки кои ги обработи „Фактор“ врз основа на јавно достапни најсвежи податоци за првите шест месеци годинава. За другите 5 банки (Прокредит, Халк банка, Шпаркассе банка, Силк Роад банка и Капитал банка) податоците што се предмет на оваа обработка за првото полугодие не се достапни затоа што акциите на компаниите не се котираат на Официјалниот пазар и со тоа немаат обврска за достава на податоци до Македонската берза.

„Фактор“ ги спореди сите извори на приходи на банките за кои има најсвежи јавно достапни податоци. Очекувано, убедливо најголем извор на приходи остануваат да бидат нето приходите од камати кои банките ги наплаќаат од клиентите за своите пласмани т.е. заеми и кредити.

Нашиот финансиски систем е банкоцентричен и тоа нашиот финансиски систем го рангира во категоријата конзервативни или класични финанасиски системи.

Уникатен белег на нашиот банкоцентричен систем е тоа што во него има пет големи банки од кои три се супер големи и сами прават над 65 отсто од целиот банкарски пазар. Тие банки остануваат да бидат Стопанска банка Скопје најголема по кредитни пласмани, Комерцијална банка најголема по актива и депозити и НЛБ Банка најбрзорастечка банка која воедно го држи приматот во банкарската дигитализација.

За жал не сме во можност да ги споредиме податоците по аквизицијата на Охридска банка во Шпаркасе банка и да видиме каква е нивната пазарна позиција.

Од тоа што сега се гледа од официјалните јавни податоци може да се заклучи дека шест од седум банки во првотот полугодие годинава во споредба со лани имаат поголеми вкупни приходи. При тоа кај пет банки од седумте нето приходите од камати, најголема приходна ставка, растат. А кај шест од седум банки растат вторите најважни приходи – нето приходите од провизии и надоместоци.

Единствена категорија во која сите банки без исклучок книжат раст на приходите се нето приходите од курсни разлики. Очигледно е дека банките обрнуваат повеќе внимание на оваа можност за приходување која досега беше во сенка на другите два генератори на приходи кои се главните белези заради кои и нашиот банкарски систем е класичен, а тоа се каматите и провизиите. Важно е да се истакне и тоа што нашите банки имаат многу мали и беззначајни приходи од тргување.

Заедничко за четири од седумте банки, меѓу кои се и две од трите најголеми, е тоа што бележат намалување на останатите приходи од дејноста. Тоа значи, во извесна мерка дека во овој период намалиле со продажбата на запленет имот за неисплатени хипотеки во споредба со истиот период лани.

*зелената боја во табеларниот приказ означува дека приходите годинава се повисоки од истиот период 2021 година

** црвената боја во табеларниот приказ означува дека приходите годинава се пониски од истиот период 2021 година

Р. Ф.

ФОТО: EPA


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите