10 Јуни, 2023
0.0242

„Фактор“ анализа: Зошто „Комерцијална“ , „Стопанска“ или НЛБ Банка се премиум акции?

Објавено во: Финансии 01 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Финансиските податоци од најновите биланси на трите најголеми банки покажуваат дека нивните акции и понатаму ќе бидат вложувања со пристоен  потенцијал и, што е многу важно во овие несигурни времиња, најсигурна перспектива од понудата на нашиот пазар на капитал. Дополнителен мотив, секако, е предвидливата и сигурна дивиденда од овие вложувања

Вложувањето во акции на најголемите три домашни деловни банки останува да биде премиум деловна одлука за домашните инвеститори без разлика дали се индивидуалци или пак институционални инвеститори. Овој заклучок го изнесува најновата анализа на „Фактор“ во која се обработуваат податоците од работењето на „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка чии акции се тргуваат на Македонската берза за хартии од вредност.

Овие три банки се од системски аспект најважни затоа што сочинуваат над 60 отсто од националниот банкарски пазар. Анализата на најважните финансиски параметри кои се основа за носење одлуки при инвестирање во акции покажува дека овие акции вреди да се чуваат доколку се поседуваат. Истиот заклучок важи и при носење на одлука за нови вложувања во акции во овие, регионално и континетално гледано, неизвесни времиња.

Едноставно кажано заклучокот е дека овие три акции и понатаму се премиум вложувања на скромната понуда на нашиот пазарот на капитал.

Еве ги накратко најважните параметри:

Трите најголеми банки книжат зголемени добивки во вториот квартал во споредба со првото тромесечје годинава. Тоа значи дека остваруваат според планот и покрај видливите ефекти на, пред се, кризата и растечките цени на енергенсите кои негативно влијаат врз целата економија.

Воедно, трите најголеми банки имаат зголемување кај агрегатите на нето приходи од камати и провизии во периодот април-јуни годинава во споредба со првиот квартал 2022 година.

Расте кредитирањето кај сите три најголеми банки во земјава во вториот квартал во споредба со првиот квартал 2022 година. Тоа наведува на генерален заклучок дека тие успешно ја одржуваат и соодветно ја зголемуваат својата пазарна позиција. При тоа вреди да се напомене дека НЛБ Банка ослободува износи за резервации кои ги следат кредитните пласмани, а кај другите две банки износите на резервации растат паралелно со зголеменото кредитирање.

Р:Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА? Еве детален преглед на цените

КОЛКУ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА? Еве детален преглед на цените

ГРСТ НАВРЕДИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ РЕГУЛАТОР: Крипто пазарот е како берзата од 1920 година, полн со трговци и измамници

ГРСТ НАВРЕДИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ РЕГУЛАТОР: Крипто пазарот е како берзата од 1920 година, полн со трговци и измамници

ТУРИСТИ ВО ШОК: Сметка за пијалок, мезе и салата колку цел еден одмор! Цени од 800 евра!

ТУРИСТИ ВО ШОК: Сметка за пијалок, мезе и салата колку цел еден одмор! Цени од 800 евра!

ДУРИ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ СВРТЕЛЕ СО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ - кој друг направи најголем промет на Берзата во мај

ДУРИ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ СВРТЕЛЕ СО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ - кој друг направи најголем промет на Берзата во мај

ЛИРАТА ПАДНА НА РЕКОРДЕН МИНИМУМ - ригорозната политика на Ердоган продолжува да ја урива вредноста на валутата

ЛИРАТА ПАДНА НА РЕКОРДЕН МИНИМУМ - ригорозната политика на Ердоган продолжува да ја урива вредноста на валутата

ХРВАТСКА ИЗДАДЕ ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, имаше голем интерес од инвеститорите

ХРВАТСКА ИЗДАДЕ ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, имаше голем интерес од инвеститорите

ГИ ТУЖИ ЗА КРШЕЊЕ НА ДУРИ 13 ЗАКОНИ - американскиот регулатор им застана на патот на две моќни берзи за криптовалути

ГИ ТУЖИ ЗА КРШЕЊЕ НА ДУРИ 13 ЗАКОНИ - американскиот регулатор им застана на патот на две моќни берзи за криптовалути

ЛАЖНИ ОГЛАСИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Луѓе „се тепаат“ да резервираат соба во напуштена куќа

ЛАЖНИ ОГЛАСИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Луѓе „се тепаат“ да резервираат соба во напуштена куќа

ВО ЕК НА СЕЗОНА И ДО 120 ЕВРА: Еве ги цените за сместување во Грција, добро треба да се олесните за убаво сместување!

ВО ЕК НА СЕЗОНА И ДО 120 ЕВРА: Еве ги цените за сместување во Грција, добро треба да се олесните за убаво сместување!