20 Април, 2024
0.0275

ФАКТОР БРИФ: ТЕ-ТО „уловен“ во лажен стечај, колку ќе се офајдиме од повратот на ДДВ?

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Од што „Макпетрол“ направи 28,5 милиони евра, а не е продажба на горива?

„Макпетрол“ со своите над 120 бензински пумпи е голем малопродажен ланец со уште поголем неискористен потенцијал. Лани приходите од стоки за широка потрошувачка (грицки, сладоледи, цигари, пијалоци, чоколади и друго) достигна 28,6 милиони евра и тоа е 8,5 отсто од целиот приход од продажба на домашниот пазар

*Финансиска полиција: Стечајот е лажен, ТЕ-ТО испрал над 100 милиони евра руски пари

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал за неколкумина менаџери, нотарката и стечајниот во случај поврзан со гасната централа ТЕ-ТО. Пријавите се за сомнеж за лажен стечај, злупотреба на службена положба и овластување но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал. Сомнежите се дека станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра. Случајот кој денеска е облоденот ги потврдува наодите на доверители кои упорно тврдеа дека ТЕ-ТО предизвикал лажен стечај со незаконски дејства. Финансискат аполиција потврди дека на ваков начин на Топлификација и е нанесена штета од над 720 милиони денари.

*Колку не чинеше инјектирањето на фирмите со грантови и субвенции

Државата во 2018 им префрлила на сметките вкупно 40,2 милиони евра неповратни средства во вид на грантови и субвенции на домашни и странски претпријатија од Македонија за нивно помагање и поттикнување на конкурентноста.

*Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

„Комерцијална банка“, најголемата домашна банка лани оствари добивка од 29 милиони евра и за тоа своите први луѓе (тројцата членови на Управниот одбор) ги награди со 826.000 евра. Најголемиот ривал „Стопанска банка“ оствари добивка од 44,6 милиони евра и најзаслужните за тој резултат – четворицата членови на Управниот одбор ги плати 530.000 евра. Значи просечно лани член на управата на „Комерцијална банка“ акционерите ги чинела 275.300 евра, а акционерите на „Стопанска банка“ просечно за годишен ангажман на член на УО платиле 132.500 евра за добивка од 44,6 милиони евра

*Која фирма го плати директорот 62.000 евра за да и направи добивка од 258.000 евра?

Берзата лани не понуди ништо ново во споредба со претходно, а направи промет двојно поголем од 2017 година и оствари профит од 258.000 евра. Директорот Штериев има 5 пати поголема плата од просекот на бруто плата по вработен, а лани бруто платата му била поголема за 8.500 евра во однос на 2017 година

Иван Штериев, главниот извршен директор на Македонската берза за хартии од вредност лани имал бруто плата од 62.100 евра. Неговата бруто плата е 26 отсто од целиот трошок на берзата за бруто плати и надоместоци на вкупно 15 вработени лица, пишува во официјалните податови достапни во извештајот на независните ревизори. 

Стигна дивидендата во Прилеп! Колку ќе се офајдат акционерите на „Витаминка“ ?

Иако е 2 отсто во однос на пазарната цена на акцијата на „Витаминка“, износот на бруто дивиденда што ќе се дели за ланското работење во споредба со 2017 година е повисок за 25 отсто!

Најголемата македонска кондиторска индустрија ќе дели дивиденда на своите акционери, пишува во предлог одлуката за која гласаа на 11 јуни акционерите на годишното собрание. Бруто износот на дивиденда за секоја акција е 217 денари. Дивиденда за лани е за 25 отсто повисока во споредба со бруто дивидендата поделена за работењето во 2017 година. Воедно ова е втора година во низа „Витаминка“ да дели дивиденда на своите акционери.

Стартува проектот поврат на ДДВ кај граѓаните, првата исплата во декември

Премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска го најавија стартот на проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните од 1 јули, а првата исплата на нивните трансакциски сметки ќе биде во декември. Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари, односно најбогатите тука ќе бидат ограничени.

„Важно е  дека оваа мерка ќе биде еднаква за сите, односно ќе има лимит за богатите. Секој може да си направи математичка пресметка. Секој ќе добие 27 денари на платена сметка од 1.000 денари.Тоа се 15 отсто од платен ДДВ од 18 отсто на фискална сметка. Проценките се дека даночната евазија е 30 отсто, сега ќе биде помала....

*Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

Ако сака вистински, а не ПР или популистички мерки, Владата треба да осигура владеење на правото. Значи, брзо откривање и брзо казнување на прекршителите на Законот за ДДВ и ова да важи на целата територија на државава, вели Горан Теменугов, уредник во Алсат М телевизија. Владата вчера најави дека почнува мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ за граѓаните, а едно четиричлено семејство ќе може да оствари поврат на ДДВ од најмногу 28.800 денари годишно. Теменугов тврди дека има амбивалентен став кон оваа мерка - како исполнето предизборно ветување, ама и со променета суштина од чисто социјална мерка до таква со која граѓаните ќе придонесат за намалување на даночната евазија.

*Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Најавената мерка за поврат на данокот на додадена вредност е повеќе популистичка отколку мерка со која евентуално ќе се постигне целта - намалување на сивата економија и враќање на парите на граѓаните, вели за Фактор Весна Миќиќ Божиновска, главен и одговорен уредник на весникот Вечер. Тврди оти трговците секогаш, па и во овој случај ќе најдат дупка во законот; и ќе продолжат да работат за свој профит, а од новата мерка најголем ќар сепак ќе имаат најбогатите. Миќиќ Божиновска затоа, вели, „Кој има, тој ќе троши, кој троши тој и ќе добива. 

Познато колку Апостолска, Шапуриќ, Даути и другите ги „помогнале“ Кромберг и Шуберт, Гентерм, Леар, Ендава....

Со околу доделени 16 милиони евра легнати на сметките на странските инвеститори во 2018-та, Македонија се отвори со „големо срце“ и добредојде за овие компании кои покажале претприемачки дух и интерес да вложат во индустриските зони.

„Најдарежлива“ била министерката без ресор задолжена за привлекување на странски инвестиции Зорица Апостолска, чиј кабинет се погрижил да биде исплатен персоналниот данок и половина од социјалните придонеси за работниците од „Кромберг и Шуберт“ во висиона од 6,5 милиони евра за минатата година, а исто така и 400.000 евра за помагање на почетната инвестиција на германски ВИК.

*Кој во Македонија заработи над 100.000 евра од дивиденда на акции?

Дивидендите на петнаесетина домашни компании во последниве три четири години се поатрактивни од каматите за депонирање пари во банките. Но заработките од дивиденда годишно може да изнесуваат и повеќе од 100.000 евра. Видете кои се најдобитните акционери...

Десетмината акционери кои остварија најголеми приходи од дивиденди се сопственици на акции во домашни компании кои со години наназад успешно стопанисуваат и делат дивиденди. Меѓу има седумина мажи и три жени, а најголем број од нив се најголеми поединечни акционери и истовремено претседатели на управите во компаниите кои ги поседуваат.


Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ