24 Април, 2024
0.0258

ФАКТОР ДОДЕЛИ НАГРАДА: Кои се акциите на годината на Македонска берза

Објавено во: Финансии 31 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Добитник на наградата Акција на годината по избор на јавноста е издавачот Алкалоид. Наградата ја одбра токму инвеститорската јавност, но и воопшто граѓаните кои учествуваа на он лајн анкетите кои одвоено беа поставени на веб страниците на Македонска берза и интернет порталот Фактор кој беше партнер на берзата во доделувањето на оваа награда. Јавноста гласаше за една од десет котирани акции кои беа избрани врз основа на неколку параметри – остварениот промет, фреквентноста во тргувањето и транспарентноста во работењето на самото друштво.

„Мислењето на јавноста е пресудно за објективно мерење на перформансите на котираните друштва на берзата. Ние во Фактор, сме убедени дека тие кои гласаа го препознаа квалитетот на акцијата на одбраното друштво, но и со ова одредија некако кои од компаниите се попрепознатливи, општествено одговорни и потранспарентни.

Гласањето годинава се прави прв пат, искрено се надевам дека ќе стане традиција. Ние имаме многу добри компании и исклучително квалитетни акции. Оваа година најголем број гласови доби акцијата на издавачот Алкалоид – таа имаше најмногу гласови од двете анкети збирно. Ја прогласувам за акција на 2021 година и искрено посакувам, следната година да имаме поголема понуда, односно компаниите да имаат мотив да остварат подобри резултати, да бидат потранспарентни, рече Александра Томиќ, главен уредник на Фактор, на доделувањето на наградата.


Добитници на првите годишни награди на Македонска берза за 2021 година се:

1.   Категорија „Акција со најголем промет во 2021 година“
•   Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје
•   Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Македонијатурист АД Скопје

2.   Категорија „Акција со најголем пораст на цената во 2021 година“
•   Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е НЛБ Банка АД Скопје
•   Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје

3.  Категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2021 година“
•   Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Македонски Телеком АД Скопје
•   Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје

4.   Категоријата „Членка на годината за 2021 година“
•   Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции – добитник е Илирика Инвестмент АД Скопје
•   Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници – добитник е Еурохаус АД Скопје

5.   Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2021 година“ - по избор на пазарни учесници и по избор на новинари – во двете категории добитник е Алкалоид АД Скопје

6.   Во категоријата „Акција на годината за 2021 година по избор на јавноста“ – добитник е Алкалоид АД Скопје

7.   Категорија „Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“ - добитник е СЕПУГС „Арсени Јовков“ Скопје. Воедно, комисијата за доделување на оваа наградата одлучи да се додели и посебна благодарница на УСАИД Северна Македонија за повеќегодишен придонес во овој домен.

„Надградувајќи ја досегашната пракса на наградување на своите членки и котираните друштва, Македонската берза АД Скопје од оваа година започнува со нов концепт на доделување годишни награди во повеќе категории. На овој начин Берзата сака да им даде јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Наградите за категориите од 1 до 4 се доделуваат согласно утврдени процедури за статистичка анализа на остварениот берзански промет во тековната година. Наградите за категориите под 5 се доделуваат врз основа на добиени гласови на избрани претставници од конкретните професии. Наградата за категоријата 6, Акција на годината по избор на јавноста, се доделува согласно гласовите на пошироката инвестициска јавност врз основа на заедничка анкета на Берзата и порталот „Фактор“. Наградата за категоријата 7 ја доделува посебна комисија за избор формирана од Берзата, соопштија од Македонска берза.


Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо