27 Септември, 2024
0.0268

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

АЛБАНИЈА ПОЧНА ПРЕГОВОРИ, МАКЕДОНИЈА НЕ

Патот на Албанија за пристапување во ЕУ ќе биде одвоен од Македонија, а првите преговарачки кластери ќе бидат официјално отворени на 15 октомври, според едногласната одлука на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија во средата (25 септември), изјави портпаролот за Еурактив.

Патот на двете земји од Западен Балкан кон членство во ЕУ беше споен со одобрувањето на преговорите започнати во летото 2022 година. .

Но, сега следниот чекор Албанија треба да го направи во средината на октомври во рамките на меѓувладината конференција и отворањето на „Кластер 1 – Фундаменти“.

БУГАРСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ПОВИКУВААТ НА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ

Претседателот на крајнодесничарската партија Преродба, Костадин Костадинов повика на прекин на обврските од Договорот за добрососедство, доколку Северна Македонија не ги прифати Бугарите како државотворен елемент во нејзиниот Устав.

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија не треба да се спушта на нивото на коментарите од Северна Македонија. Тој го коментираше одвојувањето на Албанија од Македонија со тоа што доби почеток на преговорите, како „логични последици од политиката на владата на Северна Македонија“.

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.

ОРБАН СТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

Унгарскиот премиер Виктор Орбан допатува во Македонија. 

„Денеска започнува официјалната посета на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан. Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи“, пишува премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во земјава компостирањето е на едно незавидно ниво, иако истото носи многу бенефити за почвата, ја подобрува плодноста, придонесува за развој на здрави растенија и за спречување на појава на болести и на штетници. 

Најголем загубар во домашниот јавен сектор продолжува да биде државниот производител на струја ЕЛЕМ, односно ЕСМ, како што е сегашниот назив на компанијата.

Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор не добил ниту евро од државниот буџет годинава за изведувачот „Бехтел и Енка“ за изградбата на новите автопатски делници од Коридор 8 и Коридор 10Д. Тоа може да се види од последниот отчет на американско-турскиот конзорциум за сработеното во месец јули, а кој што е објавен пред два дена.

Се повторува ли 2006 година и дали израелската војска оди на се или ништо? Оти Хезболах не е Хамас, а со таа констатација се сложуваат сите воени аналитичари. Конфликтот меѓу Израел и Либан (поточно Хезболах) прераснува во војна која може да биде вобед за експлозија на целиот Блиски Исток од која нема враќање назад. А се поочигледно е дека и двете страни подолго се подготвуваат за тоа


Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

МИЦКОСКИ ПОСАКУВА УСПЕХ НА АЛБАНИЈА: Можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат на траекторија кон EУ

МИЦКОСКИ ПОСАКУВА УСПЕХ НА АЛБАНИЈА: Можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат на траекторија кон EУ