ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарските обвинители информираа за 44 загинати, се споменува преживеан патник со арапско потекло
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2021
СТАНУВА ЗБОР ЗА 44 ЖРТВИ
Локалните обвинители од местото каде што се запали автобусот на денешната прес-конференција фрлаат нова светлина на случајот - тврдат дека недостасува едно лице, а бројот на повредени наместо седум, бил осуммина. Главната поента од денешната средба со медиумите е дека се пронајдени 44, а не 45 изгорени трупа.
Портпаролката Милева од прес-службата на локалниот обвинител тврди дека херојот Љуљзим Сулејмани сведочел дека се спасиле осум, а не седум души со кршење на задното стакло. Тој бил сигурен во неговото сведочење.
- Го проверивме списокот и треба да има 52 патници. 44 изгорени трупа се пронајдени, а во болница има само седум повредени. Херојот кој сведочеше и кој ги извлекол останатите преживеани беше категоричен дека станува збор за осум души. Во моментов не знаеме каде е осмиот, рече Милева.Името на ал Салех произлегува од списокот кој го добиле роднините на преживеаните во болницата во Софија. Истото го тврди и синот на едниот возач, кој пак вели дека од официјалниот список кој го објави македонското МНР ова лице недостасува. Случајот се истражува.
Инаку, патниците починале од задушување и ова го покажа аутопсијата.
ЗА ВАКЦИНАЦИЈА МОЖНО Е ДА ИМА И СТИМУЛАЦИИ
Владата на денешната редовна 121 седница ги разгледа предложените мерки и препораки на Комисијата за заразни болести за интензивирање на КОВИД-19 вакцинацијата.
Тргнувајќи од неприкосновениот факт дека масовната вакцинација е најефикасен одговор за заштита од последиците и за спречување на ширењето на пандемијата со КОВИД-19, Владата заклучи да побара од Комисијата за заразни болести дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за поттик за масовна вакцинација.
ДЕНЕС НАД 470 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 246, Битола – 41, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 21, Прилеп – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Струмица и Гевгелија – по 9, Валандово – 7, Берово – 6, Штип – 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод – по 1.КРИВИЧНА ЗА СЛОБОДАНКА АЛЕКСОВСКА
МВР соопшти дека денеска до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Слободанка Алексовска, која како поранешен раководител во Центар за вработување при Агенцијата за вработување, од службената картичка за сопствени потреби потрошила 10.325 евра. Кривичната пријава е за дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“,
„Пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 01.01.2014 до 30.04.2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот, а таа, со намера за себе да прибави корист, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на службените овластувања, вршела набавки на стоки и услуги за свои лични потреби, а не за потребите на службата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ