28 Септември, 2024
0.0308

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Црвенковски предлага земјите од регионот на Брисел да му понудат заеднички пазар и пристап до ЕУ фондовите

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЈА ИСКРИТИКУВА ЕУ

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски промовира иницијатива за пристап до заедничкиот пазар и до европските фондови, но не како алтернатива за полноправно членство, туку како меѓучекор.

Една варијанта, според него, е да се искористи постоечката Европска економска област, а втора можност е ЕУ да потпише нов посебен договор со сите земја од Западен Балкан посебно.

„Европската Унија нема јасен план што ќе прави самата со себе, а како резултат на тоа ниту што ќе прави со Западен Балкан. Ве недостиг на јасна стратегија постојано слушаме едни исти мантри: од страна на ЕУ дека останува политиката на „отворени врати“, а од страна на земјите од регионот дека полноправното членство во ЕУ е единствената опција за која не постои алтернатива. Кои би биле бенефитите од прифаќањето и реализацијата на една ваква иницијатива? 

ЛАТАС И ЛАЗАРОВ НЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ВИНОВНИ

Новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, рекоа дека не признаваат вина на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје.

Минатото рочиште се одложи откако одбраната побара да им се достават во целост доказите со кои располага Обвинителството со цел да можат да ја комплетираат одбраната.

Латас рече дека дека обвинението е поднесено од мала група блиска до јавни функционери која себе си се дефинира како јавност, додека Лазаров, рече дека двете минути од подкастот биле извадени од контекст и дека треба да се прегледа целата емисија.

ДОНИРАЈТЕ ЗА КРИСТИЈАН

Младиот Кристијан Коцев - Кико од карабинското село Долни Балаван е сместен во клиниката „Аџибадем Систина“. 

Малиот борец, чија здравствена состојба се влоши викендов, по апелот на јутуберот Стефан Лазаров, и заеднички напори на сите кои му сакаат добро е преместен во Систина. Таму, како што посочува Лазаров, пренесувајќи информации директно од мајката на Кико, тој добива дополнителни лекови со кои треба да се подобри имунитетот на Кико, за тој да го издржи патувањето до Турција, каде треба да се лекува. 

ЈАКИМ НЕДЕЛКОВ ПРИФАЌА ЛЕТЕН РАСПУСТ ДО 11 СЕПТЕМВРИ

За Јаким Неделков, претседателот на УПОЗ, синдикатот кој ги застапува просветниот кадара, е прифатлив предлогот на Министерството за образование летниот распуст да трае до 11 септември.

Според Неделков, наставниците секогаш се принудени на летен одмор да одат во јули и август додека учениците немаат настава, а никогаш немале можност да летуваат во септември.

- Тие немаат можност да летуваат со поевтини цени, а вака ќе заштитат 100-тини евра за користење на летен одмор, рече Неделков меѓудругото во вестите на „Телма“.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска рече дека се уште не е доставен предлогот до Влада, но и дека наставната година во други земји стартува подоцна од 1 септември.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Регулаторната комисија за енергетика насокоро со нови задолженија. Согласно одлуката за иземни на Статутот на комисијата доставени во Собранието на Македонија, ова тело покрај утврдувањето и регулирањето на енергетскиот сектор во земајва, ќе биде надлежно за уште една функција, а тоа е управување со комуналниот отпад.

Деновиве во Македонија имаме обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави. Поплавени се и земјоделски површини, со што постои ризик оваа година да немаме доволно храна или пак нема да имаме доволно квалитетна храна.

Денес се навршуваат 80 години од крвавото злосторство кога во 1943 година фашистичкиот бугарски окупатор со стрелање ги прекина животите на 12 младинци од Ваташа, Кавадаречко. И овој пат не можеме, а да не ги изнесеме сеќавањата од ова револуционерно тиквешко село за познатиот злостор што за потресе Тиквешијата, а jа расплака и цела Македонија.

Зошто училиштата да плаќаат струја по цена од берза? Па тие не се комерцијални правни лица чија цел е максимизација на профитот! Разочарувачки и иритантен е односот на високоплатените државни службеници кои ги креираат енергетските политики. 

Владата им нудела спогодбено 4 милиони евра на фирми за да не биде тужена пред Европскиот суд за човекови права. Во заклучокот на владината седница на 10 мај пишува дека преку владин агент до Стразбур бил поднесен предлог за 16 случаи. Во оваа сума покрај материјалната, е наведена и нематеријална штета и трошоци. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, има имот вреден на пет милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?