29 Септември, 2024
0.0364

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес има скоро 1.200 заразени, но и 9 случаи на омикрон

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистриран e 331 оздравен пациент од: Скопје – 174, Прилеп – 30, Битола – 21, Кавадарци – 16, Охрид – 13, Штип – 12, Гевгелија и Куманово – по 9, Струмица – 8, Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Неготино и Валандово – по 2, Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово - по 1.

ИМА И 9 ЗАРАЗЕНИ СО ОМИКРОН

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. 

„Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Оомикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани“, соопштија од Министерството за здравство. 

БУГАРСКИТЕ ВЛАДЕЈАЧКИ ПАРТИИ СЕ ОГРАДИЈА ОД ТРИФОНОВ

Трите партии од владејачката коалиција - Продолжуваме со промените, БСП и Демократска Бугарија, силно се разликуваат од ставот на лидерот на Има таков народ Слави Трифонов за нашите односи со РС Македонија, пренесе БГНЕС.

Трифонов вчера во својот пост го поврза почетокот на преговорите за членство на РСМ во ЕУ со укинувањето на визите за САД и влезот на Бугарија во Шенген.

Андреј Ѓуров, претседателот на Продолжуваме со промените истакна дека Бугарија има јасен став за односите со Македонија. 

КАМЧЕВ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР

Бизнисменот Орце Камчев вечерва или најдоцна до утре ќе излезе на слобода, бидејќи Апелација му го укина притворот, потврдуваат од судот за „Фокус“.

-На притворениот му е уважена жалбата, решението е преиначено, односно прифатена е гаранцијата и укината е мерката притвор,  одговорија од Апелација.

ШТИПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НЕ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО РОДЕНО БЕБЕ, НАИДЕ НА ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ

Во Штип се роди првото новороденче во новата година. Се роди девојче тешко четири килограми и 200 грама, принова во семејство од Радовиш. 

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов денеска дојде во Клиничката болница, но остана пред врата. Тој за овој натан информираше и на социјалните мрежи. 


KAMИКАЗА ДАДЕ ОДГОВОР

Петар Георгиевски, независниот кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка од „Левица“, објави на Фејсбук дека неговата фирма добила 14.000 евра од Град Скопје за организација на дочекот на Новата Година.

„Eпа јас со бројки ќе ве удостојам!!!14 000 евра на спрема 165 000 на Шилегов за организација и озвучување!!!! ....Кривична пријава од антикорупциска имате за нова година !!!Значи ни 8 посто од сумата на Шилегов не чинеше оваа нова година!“, напиша меѓудругото популарниот Перо Камиказа, алудирајќи на потрошената сума на Град Скопје за дочекот на 2020.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Статистика пресмета колкави површини под шуми се уништени во големите пожари кои лани ја зафатија Македонија.

Процесот на денационализација во земјава никако да заврши, иако државава досега за таа намена има потрошено близу 390 милиони евра.

Македонска берза ретерираше и попушти пред барањето на компании, членки на Стопанската комора кои побараа одложување на примената на новиот Кодекс за корпоративно управување кој важи за котирани компании.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, бројот на позитивни случаи на корона вирусот во првите три дена од новата година се намалува, но колку е реална оваа состојба.

Кауцијата на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и начинот како таа помогна да му се укине мерката притвор, не престанува да ја бранува јавноста.

Можеби ќе ве интересира

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала